Линкови за пристапност

Прајс: Одлуката на Северна Македонија, Бугарија, Црна Гора за забрана за прелет на авионот на Лавров е почитување на обврските кон НАТО


Според него, одлуката е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина. „Ја повикуваме Србија да се држи до европски пат, вклучувајќи ја и надворешната политика согласно ЕУ“, рече Прајс.
Според него, одлуката е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина. „Ја повикуваме Србија да се држи до европски пат, вклучувајќи ја и надворешната политика согласно ЕУ“, рече Прајс.

Портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс на прашање на Гласот на Америка коментираше дека се работи за суверени одлуки на три суверени држави за затворањето на прелет на нивниот воздушен простор.

Според него, одлуката е дел од европската заложба да се држи Русија одговорна за своите акции и постапки во Украина. „Ја повикуваме Србија да се држи до европски пат, вклучувајќи ја и надворешната политика согласно ЕУ“, рече Прајс.

САД ја повикуваат Србија да ја намали зависноста од руски енергетски ресурси и да ја усклади надворешната политика согласно принципите и правилата на ЕУ, рече Прајс на денешниот брифинг на Стејт департментот.

„Сите три земји се членки на НАТО и имаат обврски согласно Членот 5. Заедно ја прославивме петта годишнина од членството на Црна Гора во НАТО и втората годишнина од членството на Северна Македонија во НАТО“, рече Прајс.

Вучиќ изрази незадоволство за начинот на кој беше спречена посетата на Лавров во Белград

Српскиот претседател Александар Вучиќ претпладнево се сретнал со рускиот амбасадор во Србија, Александар Боцан Харченко, откако медиумите објавија наводи од Кремљ дека е откажана посетата на рускиот министер за надворешни работи на Србија.

Сергеј Лавров требаше да ја посети Србија на 6 и 7 јуни, но посетата беше откажана бидејќи Бугарија, Црна Гора и Северна Македонија одбиле да го отворат воздушниот простор за прелетување на неговиот авион, пренесе српската редакција на Гласот на Америка.

Во соопштението на Кабинетот на претседателот на Србија се наведува дека Боцан Харченко го информирал Вучиќ за причините за откажување на посетата на Лавров.

„Амбасадорот Боцан-Карченко рече дека министерот Лавров не можел да дојде затоа што рускиот владин авион не ги добил потребните дозволи за лет до Белград, при што на претседателот Вучиќ му ги врачил соодветните документи. Тој, исто така, им се заблагодари на српските власти за помошта во подготовката на посетата. “, рече тој во соопштението. Се додава дека „претседателот Вучиќ изразил незадоволство од околностите што го спречиле доаѓањето на рускиот министер за надворешни работи Лавров“ и дека посочил дека „Србија, и покрај се, ќе ја зачува својата независност и независност во политичките одлуки, ќе го продолжи европскиот пат притоа негувајќи ги традиционалните пријателства и партнерства со земјите на сите континенти во одржување на својата воена неутралност ".

Портпаролката на руското Министерство за надворешни работи Марија Захарова изјави дека соседите на Србија го затвориле воздушниот простор, а претходно медиумите објавија дека Бугарија, Северна Македонија и Црна Гора одлучиле да не дозволат прелет на авионот во кој летал Лавров. Тоа е уште еден затворен канал на комуникација“, рече Захарова.

Реакцијата на Москва и Белград за затворањето на воздушниот простор за авионот на рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров треба да биде заедничка и остра, изјави заменик-претседателот на Советот на Руската Федерација, Константин Косачев, пренесува Фонет.

„Денешниот демарш, се разбира, не е поврзан со авионот. Тој е насочен против Русија како држава и против Србија како држава. Реакцијата, се надевам, ќе биде заедничка и крајно остра, во формат не само на дипломатски протест, но и конкретни, практични реакции“, напиша Косачев на својот канал Телеграм.

Во меѓувреме во некои македонски медиуми беше пренесено дека Русија би можела да ги отповика амбасадорите од Македонија, Црна Гора и од Бугарија откако државите му забранија прелет на рускиот министер за надворешни работи, Сергеј Лавров.

XS
SM
MD
LG