Линкови за пристапност

Сенатот го усвои пакетот помош од 40 милијарди долари за Украина


Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство гласаше за усвојување на пакетот минатата недела.
Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство гласаше за усвојување на пакетот минатата недела.

Американскиот Сенат в четврток гласаше со 86 ЗА и 11 Против за пакетот помош од 40 милијарди долари за Украина.

Мерката вклучува пари за воена опрема, обука и оружје за Украина, надополнување на помошта за американската опрема испратена до Украина, но и финансиска помош за да им се помогне на другите земји кои помагаат во Украина.

Пакетот вклучува милијарди долари хуманитарна помош, вклучително и парична помош за справување со глобалниот недостиг на храна предизвикан од конфликтот во Украина.

Претставничкиот дом на САД со големо мнозинство гласаше за усвојување на пакетот минатата недела.

Откако Сенатот ја усвои мерката, таа оди кај претседателот Џо Бајден во Белата куќа за негов потпис.

XS
SM
MD
LG