Линкови за пристапност

Украина го поздрави потврдувањето на новата американска амбасадорка во Киев Бриџит Бринк


Од сослушувањето во Сенатот за потврда на Бриџит Бринк, за нова амбасадорка на САД во Украина.
Од сослушувањето во Сенатот за потврда на Бриџит Бринк, за нова амбасадорка на САД во Украина.

Украина во четвртокот ја поздрави потврдата за новиот американски амбасадор во Киев. Американскиот Сенат гласаше за Бриџит Бринк, ветеранка во Стејт департментот, која претходно беше амбасадор на САД во Словачка.

https://twitter.com/AndriyYermak/status/1527199801724612610

Амбасадорското место во Украина беше испразнето од 2019 година кога тогашниот претседател Доналд Трамп ја принуди амбасадорката Мари Јованович да се повлече од функцијата.

Потврдата на Бринк за нова амбасадорка доаѓа откако САД исто така ги продолжија тековните операции во својата амбасада во Киев, приклучувајќи им се на другите нации кои се вратија во метрополата со персоналот, откако руските сили се повлекоа од областа околу главниот град на Украина.

Некои информации дојдоа од Асошиетед прес, Франс прес и Ројтерс.

XS
SM
MD
LG