Линкови за пристапност

Бајден: Пандемијата со Ковид-19 и руската војна во Украина придонесуваат за растечката инфлација во САД


 Бајден рече дека борбата против инфлацијата е негов главен домашен приоритет и призна дека „семејствата ширум Америка се погодени“. „Тие се фрустрирани. „Не ги обвинувам. Навистина, не ги обвинувам. Има многу што треба да направиме“, рече Бајден.
Бајден рече дека борбата против инфлацијата е негов главен домашен приоритет и призна дека „семејствата ширум Америка се погодени“. „Тие се фрустрирани. „Не ги обвинувам. Навистина, не ги обвинувам. Има многу што треба да направиме“, рече Бајден.

Претседателот Џо Бајден во вторникот ги истакна пандемијата со Ковид-19 и руската војна во Украина за вознемирувачки економски вести додека тој и неговата администрација тргнаа во одбрана на неговата политика поради растечката инфлација и зголемувањето на цените на бензинот, пренесе Си-Ен-Ен.

Американските медиуми информираа дека говорот на претседателот во Белата куќа беше најавен од неговите советници дека ќе биде фокусиран на планот за борба против инфлацијата.

Додека Бајден зборуваше за инфлацијата, тој потроши значително време напаѓајќи ги републиканците за планот на републиканците во Сенатот, наместо да изнесува какви било нови предлози за борба против најлошата инфлација што земјата во последните 40 години.

Си-Ен-Ен информираше дека Бајден рече дека борбата против инфлацијата е негов главен домашен приоритет и призна дека „семејствата ширум Америка се погодени“. „Тие се фрустрирани. „Не ги обвинувам. Навистина, не ги обвинувам. Има многу што треба да направиме“, рече Бајден.

На прашањето од Си-Ен-Ен, дали неговата администрација сноси одредена одговорност за зголемените цени, претседателот рече: „Мислам дека нашите политики помагаат, а не одмагаат“.

За време на својот говор, претседателот укажа на неколку чекори што неговата администрација веќе ги презела за да ги намали цените на бензинот, вклучително и насочување на ослободувањето на еден милион барели нафта дневно од Стратешките нафтени резерви и донесување итни мерки за проширување на продажбата на биогориво во текот на летото.

Тој, исто така, ги наведе неговите предлози за зголемување на даноците на милијардери и други супер-богати Американци и намалување на цените на лековите на рецепт за милиони Американци со тоа што ќе му дозволи на Медикер да преговара за цените на лековите, велејќи, дека тие идеи може да помогнат да се намали инфлацијата.

Говорот на Бајден доаѓа во момент кога се чини дека се има бран од лоши економски вести, а демократите се загрижени - што би можело да значи за нивните шанси во ноемврискиот делумни конгресни избори.

Анкетата на Си-Ен-Ен покажа дека помалку од една третина од Американците мислат дека економските визии на Демократската партија се усогласуваат со нивните. Цените на бензинот, исто така, скокнаа на ново рекордно ниво, при што националната просечна цена за галон обичен бензин е 4,37 долари -- скок од 17 центи, споредено со изминатата недела.

Минатата недела Федералните резерви објавија дека преземаат агресивни мерки за намалување на инфлацијата и дека ги зголемуваат каматните стапки за половина процентен поен - нешто што не го направиле во последните 22 години.

XS
SM
MD
LG