Линкови за пристапност

Пад на американската економија за 1,4 отсто во последните три месеци


Економијата на САД неочекувано се намали за 1,4 отсто во првите три месеци од 2022-ра година во споредба со пред една година, објави владата во четвртокот, зголемувајќи ги стравувањата дека најголемата светска економија може да се соочи со рецесија.

По повеќе од една година брз раст додека САД закрепнуваа од првичните удари на пандемијата, американската економија беше погодена во периодот јануари-март од најбрзиот пораст на потрошувачките цени во последните четири децении.

Забавувањето е прво откако заврши рецесијата на коронавирусот во април 2020-та година, период кога милиони работници беа отпуштени, а многу бизниси ги затворија вратите или остро го ограничија своето работење.

Сепак, повеќето американски економисти во САД веруваат дека економијата на САД е отпорна и предвидуваат дека би можела да продолжи со умерен раст во периодот април-јуни, иако некои аналитичари сугерираат дека рецесијата - два последователни четвртина од економијата во опаѓање - не може бидат исклучена.

Сепак, стотици илјади работни места рутински се додаваат во економијата месец по месец, а стапката на невработеност од 3,6 отсто во март беше над 50-годишниот минимум забележан непосредно пред пандемијата да ја зафати земјата.

Но, падот во првиот квартал, објавен од Бирото за економски анализи, беше во значителна спротивност со растот од 5,7 отсто пријавени за минатата година, најбрзиот напредок во цела година од 1984-та година и годишната стапка на раст од 6,9 отсто во четвртиот квартал минатата година.

Економските аналитичари велат дека падот во првиот квартал делумно е предизвикан од зголемениот трговски дефицит, што значи дека САД увезувале многу повеќе стоки отколку што извезувале. Бизнисите брзо ги изградија своите залихи во вториот дел од 2021-ва година, но го забавија темпото на почетокот на 2022-ра година. Владината помош за борба против ефектите од коронавирусот и зајакнување на економијата сега исто така во голема мера заврши.

Додека растот на работните места е силен, а стапката на невработеност постојано се намалува, повеќето потрошувачи во САД се загрижени за инфлацијата, особено поради повисоките трошоци за храна и цените на бензинот на бензинските пумпи кои ги намалуваат семејните буџети. Од година во година, потрошувачките цени се зголемија за 8,5 отсто во март, што е максимум во последните 40 години.

XS
SM
MD
LG