Линкови за пристапност

Бајден: Г-7 ќе разгледува дополнителни санкции врз Русија


Секогаш сме отворени за дополнителни санкции, изјави претседателот Бајден.  
Секогаш сме отворени за дополнителни санкции, изјави претседателот Бајден.  

Лидерите на Г-7 оваа недела треба да разговараат за понатамошни казнени мерки и санкции против Русија во време кога Москва ја продолжува својата 10-неделна војна против Украина.

Американскиот претседател Џо Бајден им рече на новинарите во Белата куќа во средата дека ќе разговара со другите лидери на Групата седум напредни економии (Г-7) за можноста за дополнителни санкции против Русија.

„Секогаш сме отворени за дополнителни санкции. Во консултации сум. Ќе разговарам со членовите на Г-7 оваа недела за тоа што ќе правиме следни чекори“, изјави претседателот Бајден.

Европската унија во средата ги предложи своите најстроги санкции досега против Русија, вклучително и постепено нафтено ембарго.

XS
SM
MD
LG