Линкови за пристапност

Едно на секои шест училишта во источна Украина се уништени, вели УНИЦЕФ


17 отсто од училиштата во источна Украина биле оштетени или уништени во војната на Русија, соопшти оваа Агенцијата на Обединетите нации
17 отсто од училиштата во источна Украина биле оштетени или уништени во војната на Русија, соопшти оваа Агенцијата на Обединетите нации

УНИЦЕФ вели дека 17 отсто од училиштата што ги поддржува во источна Украина биле оштетени или уништени во војната на Русија. Тоа значи едно на секои шест училишта.

Агенцијата на Обединетите нации денес соопшти дека две училишта биле нападнати изминатата недела и оти „стотици училишта низ целата земја“ биле погодени од артилерија или воздушни напади во војната. Русија ја нападна Украина на 24. февруари.

„Почетокот на академската година во Украина беше надеж и ветување за децата по ковид-19“, рече Мурат Сахин, претставник на УНИЦЕФ во Украина.

Тој додаде дека „маместо тоа, стотици деца се убиени, а учебната година завршува со затворање на училниците поради војна и уништување на образовните објекти“.

УНИЦЕФ соопшти дека се обидува да им помогне на украински деца кои не можат да одат на училиште преку онлајн учење.

Агенцијата вели дека исто така „поставила простории каде наставници, психолози и инструктори по спорт ги ангажираат децата на редовна основа“.

УНИЦЕФ вели дека се обидува и да обезбеди образовна поддршка на земјите што прифатиле деца од Украина.

„И покрај ужасот на војната, импресивна работа е направена за да се осигуриме дека децата можат продолжи да учатш“, рече Сахин.

Минатиот месец, шефицата за човекови права на ОН Мишел Башелет, рече дека руското гранатирање и бомбардирање населени места, убивање цивили и уништување болници, училишта и друга цивилна инфраструктура во Украина, може да претставува воени злосторства.

Русија негира дека цели на цивили.

Дел од информациите во текстот се преземени од Ројтерс

XS
SM
MD
LG