Линкови за пристапност

Џафери најави иницијатива за собраниска Резолуција или Декларација за случувањата во Украина

Џафери потврди дека посетата била на покана на претседателот на украинската рада и дека првично било планирано патувањето да биде на 21 април, но поради присуството на неколку делегации во Киев во тој период, датумот бил поместен за 25 април.

Претседателот на Парламентот на Северна Македонија ваквата идеја ја соопшти на прес-конференција која следи по неговата неочекувана посета на Киев. За оваа „тајна мисија“, Џафери вели дека биле информирани и шефот на државата и премиерот.

Целта била уште еднаш да се потврди општата определба на Северна Македонија дека ја поддржува Украина и украинскиот народ во борбата против руската агресија.

Џафери потврди дека посетата била на покана на претседателот на украинската рада и дека првично било планирано патувањето да биде на 21 април, но поради присуството на неколку делегации во Киев во тој период, датумот бил поместен за 25 април.

„Како општа определба на нашата држава е да се поддржи Украина, личното присуство таму значи поддршка на државата Украина да го врати мирот и да ја врати контролата врз целата територија. Таа поддршка е многузначна и таа зависи од одлуки на домашните инстутции во однос на барања од украинска страна – може да се зборува од финансиски аспкет, санитарен аспект. Ние сме приклучени на сите санции на ЕУ и оттука произлегуваат и други обврски. Мислам дека како Собрание треба да размислиме за дефинирање на состојбите во Украина по однос на злоделата кои што се направени таму. Ќе бидеме во координација со другите чинители во државата за да се иницира резолуција или декларација.“, изјави претседателот на Собранието, Талат Џафери.

XS
SM
MD
LG