Линкови за пристапност

Стејт департментот нареди персоналот што не е итен во Конзулатот во Шангај да го напушти градот


На 26 милиони жители на Шангај им е наредено да останат во своите домови од почетокот на април поради зголемениот број на заразени од омикрон
На 26 милиони жители на Шангај им е наредено да останат во своите домови од почетокот на април поради зголемениот број на заразени од омикрон

Стејт департментот нареди персоналот во американскиот Конзулат во Шангај, кој не е за итни случаи, да го напушти овој источен кинески град, кој се обидува да се справи со ескалирачкиот наплив на нови случаи на ковид-19.

Пред три дена, Стејт департментот објави дека несуштинскиот персонал може доброволно да го напушти Конзулатот.

„Нашата промена ја одразува проценката дека е најдобро да се намали бројот на вработените, нивните семејства и операциите додека работиме со променливи околности на теренот“, се вели во соопштението на Конзулатот објавено на веб-страницата на Амбасадата и конзулатите на САД во Кина.

На 26 милиони жители на Шангај им е наредено да останат во своите домови од почетокот на април поради зголемениот број на заразени од омикрон.

Тоа доведе до зголемени поплаки на Интернет за недостиг на свежа храна, особено зеленчук. Продавниците за храна се затворени, а жителите не можат да добијат храна преку онлајн апликации.

Зголемениот гнев ги поттикна граѓаните да извикуваат преку прозорци, што брзо се прошири на социјалните медиуми.

Градските власти вчера најавија олеснување на строгите мерки за да се смири новиот бран.

Жителите во населбите, во кои нема регистрирани случаи во текот на изминатите 14 дена ќе можат да излегуваат од дома, додека на другите заедници ќе им биде дозволено ограничено движење, а дел ќе бидат под строги ограничувања.

Зголемениот број на нови ковид заразени во Кина се случува и покрај официјалната стратегија на Пекинг „нулта ковид“ која има за цел целосно да ги елиминира епидемиите на коронавирус низ државата.

Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес, Ројтерс и агенцијата Франс-прес

XS
SM
MD
LG