Линкови за пристапност

ЦДЦ: Пандемијата предизвика „сеизмички ефект“ врз американските адолесценти


Повеќе од половина од американските адолесцентни студенти доживеале емоционални злоставувања во нивните домови за време на пандемијата на ковид-19, додека повеќе од 10 отсто пријавиле физичко малтретирање, според Анкетата за однесување и искуства на адолесцентите на Центрите за контрола и превенција на болести (ЦДЦ).

Во меѓувреме, 10 отсто од хетеросексуалните ученици изјавиле дека биле физички малтретирани од родител или друг возрасен во домот. Тој број се искачи на 20 отсто за студентите кои се идентификуваа како хомосексуалци.

Истражувањето вели дека пандемијата имала „сеизмички ефект врз заедниците низ целата земја, а младите се особено погодени од начините на кои се менува нивниот секојдневен живот“.

Афроамериканските студенти имаат поголема веројатност да пријават глад или недостаток од храна, открива извештајот на ЦДЦ, при што речиси една третина од тие студенти пријавиле дека немало доволно храна во нивните домови за време на пандемијата.

Ројтерс известува дека жителите на Шангај откако повторно е воведен локдаун, добиле „инструкции да не ги преминуваат своите прагови дури и да фрлаат ѓубре или да ги шетаат своите кучиња“.

Шефот на ЦИА е позитивен на коронавирусот. Вилијам Барнс беше позитивен во четвртокот, еден ден по средбата со американскиот претседател Џо Бајден.

65-годишникот, за кој се наведува дека е целосно вакциниран, покажал само благи симптоми.

Бајден беше негативен во средата, истиот ден кога го прими второто засилување.

Речиси 11 милијарди вакцини се администрирани на глобално ниво, според Ресурсниот центар за коронавирус Џон Хопкинс.

Џонс Хопкинс рано во петокот објави дека има регистрирано повеќе од 488 милиони глобални инфекции со ковид-19 и регистрирани повеќе од 6 милиони глобални смртни случаи.

XS
SM
MD
LG