Линкови за пристапност

Сенатот постигна договор за помош од 10 милијарди долари за справување со пандемијата


Законодавците во Сенатот постигнаа договор за намален пакет од 10 милијарди долари за справување со ковид-19, изјавија вчера демократски и републикански преговарачи, но мерката ги отфрли сите средства наменети за глобалната помош од страна на САД.

Лидерот на мнозинството во Сенатот Чак Шумер, рече дека договорот ќе ѝ ги даде на владата „алатките што ни се потребни“ да продолжи да се бори со пандемијата.

Сенаторот Мит Ромни зборуваше за буџетските заштеди од мерката што тој тврди дека „нема да го чини американскиот народ ниту еден дополнителен долар“.

Најмалку половина од мерката ќе треба да се искористи за истражување и производство на терапевтски средства за лекување на болеста. Парите ќе бидат искористени и за купување вакцини и тестови.

Најмалку 750 милиони долари ќе бидат искористени за истражување на нови варијанти на ковид-19 и за проширување на производството на вакцини.

Договорот доаѓа од партиските лидери кои се надеваат дека ќе го донесат законот во Конгресот оваа недела, пред законодавците да заминат на двонеделен пролетен одмор.

Во борбата против пандемијата вклучена е и БA.2 новата варијанта на омикрон, која се очекува да предизвика ново зголемување на случаите во САД.

Шумер ја обвини Републиканската партија за недостатокот на глобална помош, велејќи дека е „разочаран што нашите републикански колеги не можеа да се согласат да ги вклучат и оние пет милијарди долари“ од претходната верзија на мерката.

Околу 980.000 Американци и над шест милиони луѓе ширум светот починале од ковид-19.

XS
SM
MD
LG