Линкови за пристапност

ФДА одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години


Frascos de vacunas de Pfizer y Moderna contra COVID-19.
Frascos de vacunas de Pfizer y Moderna contra COVID-19.

ФДА - Управата за храна и лекови на САД одобри четврта доза од вакцините Фајзер и Модерна за луѓе над 50 години.

Претходно, четвртата доза беше дозволена само за лица од 12 години и повеќе, кои се имунокомпромитирани.

Центрите за превенција и контрола на болести на САД сега размислуваат за тоа како да се спроведе овластувањето на ФДА.

Луѓето кои сакаат четврта доза вакцина против ковид-19 треба да го сторат тоа само најмалку четири месеци по претходниот засилувач, соопштиja денес од ФДА.

Загрижува податокот на новата подваријанта БA.2, која се шири во Европа и во САД.

Приближно две третини од Американците се целосно вакцинирани, што значи дека примиле две дози Фајзер или Модерна или една доза од вакцината на Џонсон и Џонсон. Само половина од оние кои ги исполнуваат условите го добиле првото засилување.

Иако вакцините не ја спречија омикрон варијантата кон нејзиното ширење, здравствените власти велат дека им помогнале на заразените да избегнат сериозна болест или смрт.

Владата, исто така, размислува да одобри четврта доза за секого на есен, кога случаите би можеле повторно да се зголемат.

Некои информации во овој извештај се од Асошиетед прес.

XS
SM
MD
LG