Федералниот апелационен суд ја потврди одлуката на претседателот Џо Бајден сите федерални вработени да бидат вакцинирани против ковид-19, објави Асошиетед прес.
Вчера, панелот на 5. окружен Апелационен суд во Њу Орлеанс ја врати одлуката на понискиот судот и нареди отфрлање на тужбата за оспорување на нардбата.
Окружниот судија Џефри Браун од Тексас издаде налог против барањето во јануари. Но, согласно вчерашната пресуда, федералниот судија немал јурисдикција во случајот.