Линкови за пристапност

Ќе се борам до крај, рече поранешниот руски новинар обвинет за наводно издавање воени тајни


Иван Сафронов се соочува со казна затвор до 20 години доколку биде прогласен за виновен
Иван Сафронов се соочува со казна затвор до 20 години доколку биде прогласен за виновен

Поранешниот руски новинар Иван Сафронов пред денешното продолжување на неговото судење за државно предавство, рече дека планира енергично да се бори против обвиненијата против него и оти не се плаши од можноста да биде затворен, објави Ројтерс.

Сафронов, кој покриваше воени работи за весниците „Ведомости“ и „Комерсант“ пред да стане помошник на шефот на руската вселенска агенција два месеци пред неговото апсење во јули 2020 година, се соочува со казна затвор до 20 години доколку биде прогласен за виновен.

Тој ги негира обвинувањата за издавање воени тајни за продажба на руско оружје во Блискиот Исток и Африка, до Чешка, членка на НАТО, додека работел како новинар во 2017 година, нарекувајќи ги „целосен апсурд на правдата и здравиот разум“.

Неговото приведување предизвика страв во медиумскиот простор во Русија, каде што има затегнати контроли што дополнително се зголемија откако Русија ја нападна Украина во февруари.

„Ќе се борам до крај, нема сомнеж во тоа“, напиша Сафронов во испратеното писмо од московскиот затвор Лефортово на 26. март.

XS
SM
MD
LG