Линкови за пристапност

Полицијата на Хонгконг го уапси долгогодишниот новинар Алан Ау за наводен бунт


Локалната полиција соопшти дека Одделот за национална безбедност на полициските сили уапсил 54-годишен маж поради „заговор за објавување бунтовнички публикации“
Локалната полиција соопшти дека Одделот за национална безбедност на полициските сили уапсил 54-годишен маж поради „заговор за објавување бунтовнички публикации“

Полицијата за национална безбедност на Хонгконг денес уапси долгогодишен новинар кој пишувал за сега затворениот либерален медиум „Стенд њуз“ заради наводен бунт, соопштија полицијата и локалните медиуми, објави Ројтерс.

Репресијата врз медиумите врз основа на законот за бунт кој датира од британската колонијална ера, како и врз основа законот за национална безбедност наметнат од Кина, се забележа преку претреси од полицијата и затворање на медиуми, вклучително и весникот „Епл дејли“ и Интернет порталот за вести „Стенд њуз“.

Локалната полиција соопшти дека Одделот за национална безбедност на полициските сили уапсил 54-годишен маж поради „заговор за објавување бунтовнички публикации“ и оти го задржале за натамошна истрага.

Локалните медиуми го идентификуваа човекот како Алан Ау, ветеран новинар и академик во Кинескиот универзитет во Хонгконг, кој пишуваше колумни за весници, вклучувајќи го и сега затворениот „Епл дејли“.

Ројтерс не беше во можност веднаш да дојде до Ау за коментар. Бунтот не е меѓу прекршоците наведени според сеопфатниот закон за национална безбедност на Пекинг од јуни 2020 година, со кој тероризам, субверзија и отцепување се казнуваат со можна доживотна затворска казна.

Но, судските пресуди во последните месеци им овозможија на властите да ги применат ретко користените закони од колонијалната ера кои покриваат бунт.

XS
SM
MD
LG