Линкови за пристапност

Репортери без граници рече дека одлуката на бугарскиот суд за двајца новинари е „судско вознемирување“


Репортери без граници ја критикуваше како „судско вознемирување“ неодамнешната судска одлука во Бугарија каде двајца новинари и веб-страница беа прогласени за виновни за клевета за написите што ги објавиле во 2018 година, објави Радио Слободна Европа.

Градскиот суд на Софија утврди дека Борис Митов, сега новинар за Бугарската редакција на Радио Слободна Европа и Стојана Георгиева, му нанеле физичка и психичка болка на Светлин Михаилов, поранешен претседател на Врховниот касационен суд, и им нареди ним и на веб-страницата што ги објавија написите пред четири години да му плати отштета во износ од 60.000 бугарски лева, односно 34.659 американски долари.

Во 2018 година, Митов ја покриваше кандидатурата на Михаилов да стане претседател на Врховниот касационен суд, најголемиот окружен суд во Бугарија, за веб-страницата за вести Mediapool. Георгиева во тоа време била главен уредник на Mediapool.

Четири од тие написи беа истражени од судот, а судијката Даниела Попова на 21 декември одлучи дека тие содржат „клеветнички наводи против [Михаилов]“.

Адвокатите на Митов и Георгиева тврдеа дека предметните написи содржеле информации за Михаилов, вклучително и прашања за неговото богатство и имот, кои се појавиле во тоа време и биле објавени и во други публикации.

Во својата пресуда, Попова не прецизираше точно кои извадоци од предметните написи ги смета за „непристојни, вулгарни и цинични“.

„Оваа смешна пресуда може да создаде опасен преседан за слободата на печатот во Бугарија“, рече Павол Салаи, шеф на канцеларијата на Репортери без граници за Европската Унија и Балканот.

„Непропорционалниот износ на отштета што на новинарите им е наредено да ја платат може да има застрашувачки ефект врз медиумите кои покриваат прашања од јавен интерес. Го повикуваме апелациониот суд во Софија да ја поништи оваа одлука. Во исто време, ја повикуваме владата да усвои конкретни одредби за навредливите тужби повеќе да не можат да ја заглавуваат слободата на печатот во Бугарија“, додаде Салаи.

Претседателот на Радио Слободна Европа Џејми Флај, ја нарече одлуката на судот „срамна“ и рече дека таа има за цел да ги заплаши некои од најдобрите бугарски истражувачки новинари за известување за јавно познати факти.

„Јавноста има право на одговорност, а тактиките на заплашување како оваа нема да ја спречат Радио Слободна Европа да ја информира својата публика за прашања од јавен интерес“, се вели во соопштението на Флај.

Адвокатите на двајцата новинари и Медиапул поднесоа жалба на пресудата.

XS
SM
MD
LG