Линкови за пристапност

Над 30 убиени, а 100-на ранети во руски ракетен напад врз железничка станица во источна Украина


Претставниците на украинската државна железница соопштија дека повеќе од 30 луѓе биле убиени, а 100 се ранети во руски ракетен напад врз железничка станица во источна Украина, којa се користелa за евакуација на цивили. Се наведува дека две ракети ја погодиле станицата во Краматорск.

Ројтерс пренесува дека гувернерот на регионот Доњецк рекол дека илјадници луѓе биле на станицата, обидувајќи се да заминат во побезбедни области.

Европската унија официјално воведе нови санкции за Русија во петок, додека претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен и шефот за надворешна политика на ЕУ, Жосеп Борел, отпатуваа за Киев во знак на поддршка за украинскиот претседател Володимир Зеленски. Новите мерки вклучуваат забрани за увоз на јаглен, дрво и хемикалии и блокирање на сите трансакции со четири руски банки. Руските трупи во Украина целосно се повлекоа од северна Украина во Белорусија и Русија, соопшти во британското Министерство за одбрана.

Како што пренесе Ројтерс, во ажурирањето на разузнавањето се вели дека некои од силите најверојатно ќе бидат распоредени во источна Украина за да се борат во Донбас, украински регион што граничи со Русија.

Доцна во четвртокот Зеленски рече дека ситуацијата во градот Бородинка е полоша од онаа во Буча. Бородинка е на околу 60 километри северозападно од Киев.

Зеленски рече „таму е значително пострашно“.

Се појавија сведоштва за злосторства извршени врз Украинци во севернито дел од страна на Русите, што поттикна повеќе земји да се прошират и дополнително да ги заострат санкциите кон Москва.

Американскиот државен секретар Антони Блинкен предупреди во четвртокот дека повеќе веродостојни извештаи за руските злосторства врз украинските цивили излегуваат на виделина од војната и вети дека „еден ден, некако, ќе има одговорност“ за Москва.

Русија негираше дека убила цивили во Буча.

Блинкен рече дека САД и нивните сојузници во НАТО остануваат целосно посветени на снабдување на Украина со повеќе оружје за да се брани од Русија.

XS
SM
MD
LG