Линкови за пристапност

Блинкен се заблагодари на Северна Македонија за непоколебливата и цврста поддршка за Украина


Државниот секретар на САД Антони Блинкен денеска разговараше со премиерот на Северна Македонија Димитар Ковачевски, се вели во писмената изјава од портпаролот на Стејт департментот Нед Прајс. Секретарот Блинкен му честиташе на премиерот Ковачевски за новата функција и формирањето на новиот Кабинет.

Државниот секретар Блинкен ѝ се заблагодарил на Северна Македонија за нејзината непоколеблива и цврста поддршка за Украина во време на континуирана брутална агресивна војна на претседателот Путин.

Блинкен, исто така, ја нагласил силната поддршка на САД за експедитивен влез на Северна Македонија во Европската Унија, се вели во изјавата од Прајс.

Портпаролот Прајс рече дека Блинкен, лично му се заблагодарил на премиерот Ковачевски за посветеноста на Северна Македонија кон НАТО, како најнова членка, како и за прифаќањето на авганистанските евакуирани бегалци.

Блинкен истакнал дека САД очекуваат понатамошна блиска соработка за низа регионални, безбедносни и одбранбени прашања во промовирање на демократијата и стабилноста во регионот.

XS
SM
MD
LG