Придвижување во разговорите со Бугарија, деблокирање на процесот за прием во ЕУ и недвосмислена поддршка од Австрија за Северна Македонија. Ова се пораките на австриската министерка за ЕУ и уставни прашања, Каролине Едштадлер, која денеска допатува во официјална посета на Скопје
СКОПЈЕ – Европската Унија ќе направи се што може за регионот Западен Балкан и пред се Северна Македонија да добие доверлива перспектива во процесот на проширување, но потребно е Северна Македонија да го направи следниот чекор во процесот на а Австрија е тука да ја поддржи земјата. Ова се дел од пораките на австриската министерка за ЕУ и уставни прашања, Каролине Едштадлер, која денеска допатува во официјална посета на Скопје во рамкиите на која имаше средби со претседателот Стево Пендаровски, премиерот Димитар Ковачевски, шефот на дипломатијата Бујар Османи и вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ.
За Едштадлер е разбирливо што македонските граѓани ја изгубија довербата во ЕУ и во процесот на интеграции по блокадата од Бугарија и серијата нови билатерлани барања, но нагласи дека Западниот Балкан и Северна Македонија се дел од Унијата и тоа мора да се случи што побрзо.
„Но, само да говориме не е доволно. Треба акција, треба дела. Јас сум оптимист дека сега е вистинскиот момент да го поставиме курсот. Кај населението има разочарување, депримираност дека повторно има рунди преговори, билатерални барања, и тоа врзува многу капацитети. Ова разочарување сакаме да го прекинеме со поддршка за нашите партнери Бугарија, Северна Македонија и Албанија овие проблеми да бидат решени со надеж нешто навистина да се случи за време на француското претседателство. Сакам да им порачам на македонските граѓани, верувајте и понатаму во ЕУ, ние ќе се заложиме да не се поделиме, особено во ситуацијата кога руската агресивна војна во Украина беснее. Тоа не смееме да го дозволиме и затоа оваа можност ќе ја искористиме и тука сакам јасно да кажам дека ЕУ не е комплетна без земјите од Западен Балкан, особено Република Северна Македонија“, рече Едштадлер.
Таа кажа дека е оптимист и дека има пшридвижување меѓу Софија и Скопје а со тоа и можност за деблокиурање на процесот за прием во ЕУ. Тоа го видела и на средбата со бугарскиот премиер Кирил Петков.
„ Ние не можеме се разбира да дадеме решение однапред за билатералните разговори. За да почне процесот на пристапување на Северна Македонија и Албанија, верувајте дека немавме партнери за разговор во Бугарија, но сега притисокот е поголем. Така што сега веќе и кај нив постои готовност за решавање на проблемот. Во текот на својата посета во Бугарија видов дека премиерот Кирил Петков работи на сите теми и постои надеж дека ќе имаме позитивен исход. Знаеме и дека преговорите се водат и тоа е добар знак, а ние како ЕУ ќе се заложиме да го направиме следниот чекор, бидејќи ЕУ не е комплетна без земјите од западен Балкан. Останува на нас да докажеме дека сме во состојба нашите ветувања и да ги одржиме“, истакна Едштадлер.
Вицепреиерот за европски прашња Бојан Маричиќ смета дека нашата држава вложила вонсериски напори и успеала да покаже дека е доверлив партнер на ЕУ и додаде дека земјата нема да ја смени својата политика преку ноќ, дури и кога нејзиниот макотрпен труд не бил целосно валоризиран и не одел во прилог на политиката на проширување.
„Напредувавме и ќе продолжиме посветено да чекориме по европскиот пат. Очекуваме ЕУ гласно да ги потврди нејзините интереси за обединување на европскиот континент и после долг период да ја врати динамиката на проширување кон земјите од Западен Балкан, кои повеќе од една деценија чекаат пред портите на ЕУ“, рече Маричиќ.
За придвижувањата во разговорите со Бугарија, Маричиќ со политичка изјава.
„Нам ни е важно да имаме достоинствено и фер решение кое што на никој начин нема да го загрози нашето право на самоопределување – македонскиот јазик и македонскиот идентитет. За сите отворени прашања разговараме и сме подготвени да разговараме и наша цел е да најдеме достоинствено решение кое што ќе има јасни обврски на двете страни и на нашата и на бугарската во однос на имплементацијата на тоа што ќе биде договорено“, рече тој.
Министерот за надворшени работи, Бујар Османи, оптимизмот го темели на и динамиката на средбите, како на работните групи, така и на политичките претставници меѓу Македонија и Бугарија
„Се додека имаме разлика за еден елемент од целиот пакет не можам да кажам дека имаме решение за зелиот пакет. Меѓутоа динамиката, волјата пристапот, даваат надеж. Дали ќе има решение не може никој да потврди во моментов. Забележувате дека нема првокации помеѓу двете страни кои се испраќаат преку посредни канали, туку сето тоа што го имаме како став го кажуваме најпријателски и најотоврено на маса, и се обидуваме да најдеме достоинствено решение, кое на крај треба да ги остави и двете страни или подеднакво задоволни или подеднакво незадоволни“, изјави Османи.
Околу напредокот во работата на Историската Комисија засега речиси и да нема никакв официјални информации за што конкретно станува збор. Историчарите имаат нова средба која ќе се одржи утре и задутре и во која политичарите од двете држави полагаат голема надеж.