Линкови за пристапност

Кремљ најави „соодветни и возвратни мерки“ по одлуката на Скопје за „персона нон грата“ на петмина вработени во руската амбасада


Кремљ најави мерки против Северна Македонија
Кремљ најави мерки против Северна Македонија

Одговорот стигна од руското министерство за надворешни работи кое потегот на македонската дипломатија го нарече „нагласен непријателки чин“.

Тоа е продолжување на курсот кој, од пред неколку недели, го преземаа властите во Северна Македонија за брзо уривање на билатералните односи со Русија.
Руско МНР

„Тоа е продолжување на курсот кој, од пред неколку недели, го преземаа властите во Северна Македонија за брзо уривање на билатералните односи со Русија. Со приклучувањето кон русо-фобичната хистерија што ја започна Западот, Скопје ја потврди својата подготвеност непромислено да го жртвува суверенитетот и да носи одлуки кои се спротивни на јавното расположение и се во спротивност со основните национални интереси. Ќе бидеме принудени да преземеме одмазднички мерки“, е ставот на руското МНР.

Ако се следи претходното искуство, тоа би значело дека може да се очекува Москва, во наредниот период, во знак на „дипломатска одмазда“ да прогласи македонски дипломати за непожелни на своја територија. Таков беше примерот минатата година кога на протерување руски дипломати од Скопје, Москва одговори со протерување македонски дипломат.

Се уште е нејасно зошто петтемина вработени во руската амбасада во земјава се протеруваат освен официјалното соопштение од МНР дека причина е „извршување активности кои се во спротивност со Виенската конвенција“. Сличен беше одговорот и на министерката за одбрана.

Москва најави возвратни мерки против Скопје
please wait

No media source currently available

0:00 0:02:05 0:00
Станува збор за случај во кој е прекршена Виенската конвенција, што значи дека тие дипломати со своите постапки ги прекршиле овластувањата.
Петровска, министерка за одбрана на Северна Македонија

„Една од надлежностите на МНР е да реагира на информациите од безбедносните служби. Станува збор за случај во кој е прекршена Виенската конвенција, што значи дека тие дипломати со своите постапки ги прекршиле овластувањата.“, изјави Славјанка Петровска, министерка за одбрана на Северна Македонија.

Очекувано, не се прецизира ниту за кои вработени станува збор. Во земјава, според веб страницата на амбасадата на Русија, присутни се 19 руски дипломати вклучувајќи го и амбасадорот Сергеј Баздникин, кому вчера му беше врачена дипломатската нота.

XS
SM
MD
LG