СКОПЈЕ - Македонското МНР прогласи петмина руски дипломати во државата за „персона нон грата“ и им даде рок од пет дена да ја напуштата државата поради активности кои се косак со Виенската конвенција за дипломатски односи.
Дипломатската нота му беше врачена на Амбасадорот на Руската Федерација во државата, Сергеј Баздникин, кој утрово беше повикан во МНР.
„Согласно информациите добиени од надлежните органи, наведените извршувале активности кои се во спротивност со Виенската конвенција за дипломатски односи и ќе треба да ја напуштат територијата на Република Северна Македонија во наредните пет дена“, соопштија од македонското МНР