„Украина не е осамена“ – порачаа земјите-членки на НАТО на денешниот вонреден министерски состанок на Алијансата.
Сите држави, вклучувајќи ја и Северна Македонија, продолжуваат со помошта за земјата која една седмица се соочува со сеопфатна руска инвазија.
Обединети сме во нашиот напори да спречиме, а ако треба и да ги заштитиме сите сојузници. Обединети сме во нашите осуди на Путиновата војна. Наметнавме сериозни санкции и Русија е изолирана. Обединети сме и во нашата солидарност со Украина.Османи, министер за надворешни работи
„Обединети сме во нашиот напори да спречиме, а ако треба и да ги заштитиме сите сојузници. Обединети сме во нашите осуди на Путиновата војна. Наметнавме сериозни санкции и Русија е изолирана. Обединети сме и во нашата солидарност со Украина. Храброста и решеноста на нејзините граѓани е импресивна, а за почит е нивната определба за мирно решение. Сите даваме секаков вид помош на Украина, како и асистенција за бегалците. Украина не е осамена.“, изјави Бујар Османи, министер за надворешни работи на Северна Македонија.
Од владата информираат дека наскоро ќе имаат попрецизни информации за сместувачките капацитети на државните институции кои би биле на располагање во ситуација на наплив на бегалци. Истовремено, и дел од приватните хотели ги нудат своите капацитети, ако за тоа има потреба.
Северна Македонија ја повтори поддршката за територијалниот интегритет на Украина усвојувајќи ја во Собранието Декларацијата за осуда на воените напади. „За“ беа 100 пратеници, тројца против, меѓу нив двајцата пратеници од „Левица“. Ова беше повод за нови партиски препукувања меѓу власта и опозицијата.
Коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, политичкиот субјект Левица отворено ја поддржува воената агресија врз Украина. Пратениците на оваа партија гласаа против Декларацијата за Украина во македонското собрание.Каевски, СДСМ
„Коалицискиот партнер на Христијан Мицкоски, политичкиот субјект Левица отворено ја поддржува воената агресија врз Украина. Пратениците на оваа партија гласаа против Декларацијата за Украина во македонското собрание. Граѓаните на Украина ги нарекуваат неонацисти и користат крајно несоодветен речник, идентичен со оној на агресорот. Ова се опасни ставови, кои се на штета на државниот и национален интерес на нашата татковина.“, изјави Дарко Каевски, од СДСМ.
Освен хуманитарна асистенција и прием на бегалци, земјава како членка на НАТО, се согласи на Украина да и пружи и воена помош. Каква, не се открива, зашто според надлежните станува збор за класифицирана информација.