Просечниот број на дневни ковид случаи и хоспитализации во САД продолжува да опаѓа, што претставува индикатор дека сојот омикрон ослабува ширум државата, објави Асошиетед прес.
Според Универзитетот Џонс Хопкинс, вкупниот број на регистрирани случаи заклучно со саботата едвај надминал 100.000, што е доста понизок во споредба со податоците од 16. јануари, кога биле регистрирани 800.850 заразени со ковид.
Во Њујорк, пак, бројот на случаи се намалил за 50 отсто изминативе две недели. Специјалистот за заразни болести Томас Русо рече дека она што влијае врз намалувањето на бројот на заразени со омикрон е стекнувањето одреден имунитет кај граѓаните.
Јавните здравствени експерти велат дека имаат надеж за подобрување на ситуацијата, но, оти се загрижени што стапката на вакцинирани во САД и натаму е под очекувањата.