Линкови за пристапност

Се отвараат нови пунктови за ПЦР тестирање, расте бројот на заразени ученици


Кумулативната смртност од почетокот на пандемијата е три отсто. Едпиемиолошката состојба е стабилна, бројките се намалуваат освен во категоријата на деца кои посетуваат настава. Од Комисијата за заразни болести децидни третата доза е клучна бидејќи штити од тешка форма на болеста и смрт

СКОПЈЕ - Се зголемува бројот на заболени деца од 6 до 14 годишна возраст, односно деца кои што се во училиштата а тоа се должи на посетувањето на физичка настава, покажуваат бројките кои ги анализираше Комисијата за заразни болести на денешнито состанок. Според официјалните податоци, минатата недела се регистрирани 320 случаи што е за 60% повеќе споредено со неделата претходно кога имаше 200 заболени кај оваа возрасна група.

„Ја анализиравме епидемиолошката состојба во државата мнатата недела. Бројките односно индикаторите покажуваат дека се забележува намалување односно подобрување на епидемиолошката состојба но тоа не ни дава за право да заклучиме дека е добра. А тоа го потврдува бројката на заразени школски деца кои расте. Во моментов нема простор за загриженост и се следи состојбата. Апелираме како Комисија дословно да се следат протоколите за физичка настава. Родителите и учениците да бидат пореспонсивни кон теститањето“, изјави др. Александар Петличковски, претесдател на Комисијата за заразни болести.

Затоа ќе почне скинингот на учениците кој треба да опфати околу две илјади ученици и треба да даде јасна слика за трансмисијата на Ковид – 19 меѓу учениците.

„Скринингот да почне и да се заврши во најкус можен временски рок за да се има релевантни податоци каква е трансмисијата на вирусот во училиштата, особено по лесното зголемување на бројките кај возрасната група од 6 до 14 години“, изјави др Злате Мехмедовиќ, портпарол на Комисијата за заразни болести.

На денешниот состанок Комисијата донесе одлука за отварање на три нови пункта за ПЦР тестирање во Скопје, и тоа во клиниките Идадија, Бит Пазар и Ѓорче Петров како и повторно отварање на можноста за тестирање во Центрите за јавно здравје во градовите низ државата.

„Тестирањето ќе го закажуваат матичните лекари а целта е да го скратиме периодот на чекање за закажување на тестот“, објасни Петличковски.

Тој ги повика граѓаните на помасовен одзив за вакцинирање и предупреди дека не треба да се следат „шарлатанските“ информации, бидејќи само третата „бустер“ доза е сигурна заштита од тешка форма на болеста или смрт.

„ Според бројките од 1 до 31 јануари, од 382 починати 233 се невакцинирани, а околу 150 се вакцинирани, но најголем дел од вакцинираните се вакцинирани пред повеќе од шест месеци и немаат примено трета доза. Околу 30-тина, пак, биле вакцинирани во рок помал од шест месеци. Апелираме до граѓаните да се вакцинираат и да примат трета доза бидејќи вакцинирани со трета доза без коморбидитети нема меѓу починатите а бројката на хоспитализирани е многу мала. Третата дози спречува хоспоитализација или смрт“, рече Петличковски.
Според официјалните податоци смртноста од почетокот на пандемијата е три отсто, а досега како последица на компликации предизвикани од коронавирусот починаа 8.793 лица.

Во последните 24 часа регистрирани се 1.269 новозаболени, меѓу кои 162 се реинфекции, а процентот на позитивни ПЦР тестови останува висок – 31,3 отсто. Во последното деноночќие регистрирани се 14 жртви и дополнително уште 11 прекусистемот „Мој Термин“.

Во моментов како активни 10.095 случаи.

XS
SM
MD
LG