Линкови за пристапност

Ново истражување: бебињата имаат помала веројатност да бидат хоспитализирани со Ковид, ако мајките се вакцинирани


Студијата објавена од американскиот Центар за контрола и превенција на болести – ЦДЦ сугерира дека доенчињата имаат помала веројатност да бидат хоспитализирани со Ковид-19, ако нивните мајки се вакцинирани за време на нивната бременост.

Студијата покажа дека бебињата чии мајки примиле две дози вакцина против Ковид додека биле бремени имале околу 60% помали шанси да бидат хоспитализирани поради вирусот во текот на нивните први шест месеци од животот.

Шансите се зголемуваат, ако мајката се вакцинира по првите 20 недели од бременоста.

Центарот за контрола и превенција на болести ги повика сите жени кои се бремени, кои дојат, или планираат да забременат да се вакцинираат против коронавирусот, за кој велат дека го зголемува ризикот од различни компликации, вклучително и предвремено раѓање и смрт на ембрионот.

Истражувачите на ЦДЦ ги засноваа своите заклучоци од следењето на 379 доенчиња кои биле хоспитализирани во 20 педијатриски болници низ САД помеѓу јули и јануари оваа година, вклучително и 176 кои биле позитивни на Ковид-19.

Во меѓувреме, британската агенција за здравствена безбедност вели дека резултатите од неколку студии сугерираат дека вакцината против Ковид-19 ги намалува шансите некој да страда од долготрајните ефекти на инфекцијата, состојба попозната како „долгорочен Ковид“, според весникот „Гардијан“.

XS
SM
MD
LG