Линкови за пристапност

Повторно протести на камионџии во Канада поради рестриктивните мерки за Ковид


Блокирани улици во центарот на Отава
Блокирани улици во центарот на Отава

Стотици камионџии повторно излегоа на улиците на главниот град на Канада, Отава, во четвртокот против рестриктивните мерки за Ковид-19, со силен звук од сирени во знак на негодување, и покрај полициските закани за можна акција за нивно сузбивање.

Речиси тринеделната конфронтација меѓу камионџиите и полицијата ескалира бидејќи демонстрантите ги блокираа улиците околу зградата на Парламентот и низ други улици во градот.

Полицијата уапси најмалку тројца демонстранти околу Парламентот во четвртокот вечерта, но не употреби сила врз демонстрантите. Во близина на зградата на Парламентот беа испратени автобуси со полицајци, а се поставуваа и дополнителни заштитни огради околу владините згради.

Полицијата затвори голем дел од централното градско подрачје за да ги спречи луѓето да им се придружат на демонстрантите, додека продолжија да преговараат со камионџиите за да ги убедат да заминат и да ги прекинат протестите.

Наместо тоа, демонстрантите гласно користеа сирени, не почитувајќи ја судската забрана за користење звучни сирени во станбените населби.

Протестите на камионџиите во Канада инспирираа слични протести во Франција, Нов Зеланд и Холандија.

XS
SM
MD
LG