Линкови за пристапност

Трамп сака посебни трговски преговори со Канада и Мексико


Економскиот советник Лари Кудлоу вели дека претседателот претпочита билатерални договори

Американскиот претседател Доналд Трамп „сериозно размислува“ за обид да постигне два одвоени трговски договора со Канада и Мексико, наместо обнова на две децении стариот трговски договор, познат по кратенката НАФТА, изјави претставник на Белата куќа.

Економскиот советник Лари Кудлоу, за „Фокс њуз“ изјави дека „тој претпочита билатерални преговори“.

САД, Канада и Мексико веќе неколку месеци преговараат за ревизија на НАФТА, договор кој е во сила од 1994-та година. Но, Кудлоу вели дека наскоро може да бидат склучени два посебни договора.

Сепак, според овој советник, Трамп не планира да се повлече од НАФТА.

„Тој сериозно размислува за промена на курсот во преговорите за НАФТА, и побара од мене да го спроведам тоа“, вели Кудлоу, додавајќи дека Трамп „верува дека билатералните договори се секогаш подобри. Тој не сака големи договори“.

Трамп веќе подолг период ги напаѓа мултинационалните трговски договори и кратко по преземањето на функцијата ги повлече САД од Транс-пацифичкото партнерство.

Тoj на Твитер напиша дека „САД со години правеле лоши трговски договори. Сега можеме само да победуваме“.

Претседателот на САД објави дека „Кина веќе има царини во висина од 16 проценти за увоз на американска соја. Канада има различни бариери на нашите земјоделски производи. Тоа не е прифатливо“.

Кудлоу вели дека тој ги известил канадските власти за надежта на Трамп за постигнување на можен билатерален договор, и дека тој чека одговор од Отава.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG