Американскиот претседател Доналд Трамп повика на постигнување брзо решение за обновениот Трговски договор за слободна трговија во Северна Америка за време во телефонски разговор со канадскиот премиер.
Канцеларијата на Џастин Трудо потврди дека двајцата лидери разговарале за можноста за сведување на преговорите кон брзо решение.
САД, Канада и Мексико повторно преговараат за обновување на договорот од 1994-та. Претседателот Трамп го критикуваше постојниот Договорот за слободна трговија меѓу САД, Канада и Мексико дека е причина за губење милиони работни места и негативно се одразува врз американската економија.
Преговорите за нов договор за НАФТА добија на актуелност, откако спикерот на Претставничкиот дом Пол Рајан неделава најави дека обновената верзија мора да биде усогласена до 17-ти мај, со цел да му се овозможи на Конгресот да ја усвои годинава.
Facebook Forum