Американскиот претседател Доналд Трамп претходно кажа дека САД не се повлекуваат од одлуката да вметнат зголемени царини од 25 отсто за увоз на челик и 10 отсто за увезените алуминиумски производи, и покрај зголемениот притисок од политичките и дипломатските сојузници како и американските компании да се повлечат од таквата политиката, што може да води до трговска војна.
Пред состанокот во Белата куќа со израелскиот премиер Бенџамин Нетанјаху, Трамп посочи дека Мексико и Канада можат да бидат изземени од планираните тарифи, ако се постигне нов и „фер“ договор за слободна трговија во Северна Америка (НАФТА).
„Многу години, НАФТА беше катастрофална за нас", рече Трамп. „Ние повторно ќе преговараме и доколку не склучиме нов, ќе излеземе од договорот. Но, ако постигнеме договор кој ќе биде фер за нашите работници и американскиот народ, тоа е и точката за која преговараме", изјави првиот човек на САД.
Трите земји во моментов работат на ревизија на НАФТА, на последниот круг преговори во Мексико Сити.
Facebook Forum