Линкови за пристапност

ЕУ бара транспарентност за американските царини за увоз на челик и алуминиум


Европската Унија вели дека не е јасно дали блокот ќе биде изземен од тарифите за челик и алуминиум на американскиот претседател Доналд Трамп.

Комесарката за трговија Сесилија Малмстром, во Брисел изјави: „Се надеваме дека можеме да добиеме потврда дека ЕУ не е вклучена“.

Трамп ја потпиша одлука за наметнување на царини во висина од 25 проценти за увозот на челик и десет проценти за увезениот алуминиум, којашто стапува на сила во рок од две недели. Канада и Мексико беа изземени за неодреден период, додека траат преговорите за Северно-американскиот договор за слободна трговија (НАФТА).

Малмстром изјави дека Унијата „не се подготвува за борба“, но е подготвена да воведе царини на американски производи, како путерот од кикиритки и сокот од портокал.

„Губењето на извозот во САД, во комбинација со очекуваниот масовен пораст на увозот во ЕУ, би можело да ја чини челичната индустрија и сродните сектори, десетици илјади работни места“, рече Аксел Егерт, генерален директор на EUROFER, европското здружение за челик. "Иронично, проценките покажуваат дека САД исто така би можеле да загубат работни места како резултат на мерката“.

Трамп ги наметна царините и покрај советите од соработниците кои предупредија дека со мерката, може да се започне трговска војна.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG