Линкови за пристапност

Трамп: Северна Кореја и трговијата се поважни од истрагата за Русија


Специјалниот советник Мулер можно е да го повика претседателот пред големата порота

Американскиот претседател Доналд Трамп, смета оти преговорите околу нуклеарното оружје на Северна Кореја и меѓународните трговски договори, се поважни од кривичната истрага за наводните врски на неговата кампања со Русија и тврдењата дека тој се обидел да ја попречи истрагата.

„Нема поврзаност, тоа е измама и не постои попречување на правото, се работи за замка“, истакна Трамп преку Твитер. „Она што се случува, се преговорите со Северна Кореја во врска со нуклеарната војна, преговорите со Кина во врска со трговскиот дефицит“. Тој се повика и на договорот НАФТА со Канада и Мексико.

Проценката на Трамп, се случува во време кога неговите адвокати се подготвуваат за можна правна „пресметка“ околу тоа дали тој ќе мора да одговори на прашања на специјалниот советник Роберт Мулер. Според медиумски извештаи, за време на тензична средба пред два месеца, адвокатите на претседателот рекле дека тој нема обврска да одговори на прашања на обвинителите, при што Мулер одговорил дека можно е да го повика Трамп да се појави пред големата порота.

Овој чекор, може да значи и дека „пресметката“ ќе заврши во Врховниот суд, иако основен правен концепт во САД е дека никој не е над законот, вклучувајќи го и претседателот.

Facebook Forum

XS
SM
MD
LG