Линкови за пристапност

Жестока вербална битка меѓу Клинтон и Трамп


Двајцата кандидати се во интензивна кампања за добивање повеќе гласачи; Истражувањата покажуваат дека 17 проценти се неопределени

Американската претседателска кампања продолжи во неделата со двајцата кандидати разменувајќи обвиненија и убедувајќи ги гласачите зошто тие би биле подобар избор за претседател.

Демократската кандидатка Хилари Клинтон и нејзиниот избраник за потпретседател Тим Кејн беа во Кулумбус, Охајо, последната станица на тридневната турнеја низ Охајо и Пенсилванија – две индустриски држави за кои политичките експерти велат дека ќе бидат клучни за победата на ноемвриските избори.

Таа се обиде да се претстави како контраст на нејзиниот противник Доналд Трамп, додека Трамп, во интервју за АБЦ телевизијата одговори дека мисли оти знае повеќе од американските генерали.

Денеска Трамп има закажано кампањски собири во два града кои Клинтон штотуку ги посети – Колумбус и Харисбург, во Пенсилванија. Клинтон ќе биде во Омаха, Небраска и Болдер, Колорадо.

Трамп го цитира телевизискиот рејтинг што покажува дека повеќе гледачи го гледале неговиот говор на прифаќање на номинацијата отколку оној на Хилари Клинтон, но Клинтон доби зголемување од седум поени по конвенцијата според истражувањата на јавно мислење.

Вчерашен извештај на организацијата Morning Consult вели дека Клинтон води пред Трамп меѓу гласачите со 43 спрема 40 проценти. Истражувањето исто така покажува голем број гласачи кои се се` уште неопределени – 17 проценти.

XS
SM
MD
LG