Линкови за пристапност

Визијата на Трамп наспроти визијата на Клинтон


Платформите на двете партии аналитичарите ги оценуваат како потешка наспроти помека.

Доналд Трамп, во неговиот говор на републиканската конвенција, ја презентираше визијата за надворешна политика, и направи голем исчекор од неговата демокартска ривалка Хилари Клинтон.

Трамп тврди дека повеќе сојузници на САД ја земаат здраво за готово поддршката на Вашингтон, и државите треба финансиски повеќе да придонесат за американската безбедност, со цел да се осигура дека американските војници ќе добијат помош.

Демократската платформа се заснова на она што се нарекува идеализам, учење за надворешна политика според кое Америка е сила за доброто во светот, и оти во комбинација со воена моќ, може да влијае на глобалните прашања.

„Има огромна концептуална разлика меѓу двете платформи“, вели Дејвид Коатс, професор за политички и надворешна работи на Универзитетот „Вејк Форест“ во Северна Каролина.

„Едната е потешка, другата е помека“, вели тој.

Додека републиканската платформа повикува на американско глобално лидерство и „најсилна војска во светот“, демократската партиска платформа вели дека „војната мора секогаш да биде последен избор“, и ја нагласува потребата од „паметна употреба на дипломатија, развој и економска вештина“.

Во однос на политиките за Иран и за Израел, платформите се разликуваат драстично.

Демократската платформа за Иран, ја изразува поддршката за нуклеарниот договор од 2015-та година, потпишан од Иран и од големите светски сили, додека републиканската платформа има став дека се работи за „ личен договор меѓу претседателот и преговарачките страни, и необврзувачки за следниот претседател“.

Двопартиската поддршка за Израел долго е темел на американската надворешна политика. Но, платформите не нудат иста поддршка за еврејската држава.

Трамп минатата недела ја нарече платформата „ про-еврејска на сите времиња“, а демократската платформа, пак, вели дека статусот на Ерусалим е прашање на краен договор меѓу Ираелците и Палестинците, но треба да остане главен град на Израел.

Демократите се обврзаа да ја предводат коалицијата против Исламската држава, додека работат на политички договор за ставање крај на сирискиот режим на Башар ал-Асад.

Трамп, пак, рече ослободувањето од Исламската држава е

„многу побитно за нас, отколку за Асад“.

Двете платформи се цензурирачки кон кинеските трговски практики, и бараат зголеменото воено присуство во Јужното Кинеско Море.

Двете платформи нудат остра реторика и за Русија, и покрај изјавата на Трамп дека може да излезе на крај со рускиот претседател Владимир Путин.

За Авганистан и за Пакистан, партиските политики немаат голема разлика.

Демократскиот предлог ја поддржува неодамнешната одлука на претседателот Барак Обама да задржи 8.400 американски војници во Авганистан и во наредната година, а Трамп изјави дека сака да задржи „одреден број трупи“ во земјата.

XS
SM
MD
LG