Линкови за пристапност

Говорот на Клинтон - проверка на фактите


Некои од нејзините тврдења бараат корекција

Во говор на Демократската национална конвенција, Хилари Клинтон вклучи листа на успеси постигнати за време администрацијата на претседателот Барак Обама, нејзини политички предлози, но и критика за републиканскиот кандидат Доналд Трамп.

Како и во многу други политички говори, вклучувајќи го и оној на Трамп на Републиканската национална конвенција минатата недела, тврдењата не се до крај точни.

Еве примери од говорот на Хилари Клинтон и кои се фактите:

Клинтон: Берни и јас ќе работиме заедно да ги направиме универзитетите бесплатни за средната класа и без долгови за сите останати.“

Факт: Студентите од семејства кои заработуваат помалку од 125.000 долари годишно нема да плаќаат школарина за државните и јавните универзитети, но во тоа не е` вклучено студентското домување, за кои се потребни илјадници долари годишно.

Клинтон: „Нема да ја забраниме религијата“

Факт: Трамп никогаш не предложил забрана на Исламот во САД. Коментарот на Клинтон се однесува на предлогот на Доналд Трамп за забрана на влез на муслимани во земјата, и подоцнежниот коментар за забрана или за „детална контрола“ на лицата кои доаѓаат од земји со историја на тероризам. Тој исто така предложи набљудување на активностите во џамиите.

Клинтон: Повеќе од 90 проценти од добивката отишла до еден процент од популацијата, таму одат парите.“

Факт: За Клинтон, а посебно за нејзиниот демократски ривал Берни Сандерс, економската нееднаквост беше приоритет во нивните говори, многупати нарекувајќи ја економската елита како „еден процент.“ Емануел Саец, економист од Универзитетот Беркли во Калифорнија објави податоци кои покажуваат дека приходите биле поделени пошироко низ економскиот спектар. Во периодот од 2009-та до 2015-та година 52 проценти од добивката завршила кај еден процент од најбогатите поединци во САД.

Клинтон: „Доналд Трамп вели дека сака повторно да ја направи Америка голема – тој може да почне со тоа што ќе произведува повторно во Америка.“

Факт: Слоганот на Трамп „Да ја направиме Америка повторно голема“ само делумно зборува за критиката врз компаниите кои пренесоа дел од производството од САД во други земји, каде работната рака е поевтина. Клинтон спомна облека направена во Мексико, мебел направен во Турција, и рамки за слики од Индија. Компаниите на Трамп произведуваат во овие земји, но останати продукти се направени во САД.

Клинтон: „Нашата економија сега е посилна од времето кога тие раководеа. Додадени се околу 15 милиони нови работни места во приватниот сектор.“

Факт: Клинтон се повикува на постигнувањата на Обама, кој стана претседател во 2009-та, кога нацијата и светот се соочуваа со голема финансиска криза. Економијата на САД додаде 15 милиони работни места од 2010-та, во времето кога невработеноста беше највисока, но во тоа време администрацијата на Обама веќе една година раководеше со земјата, и за тоа време беа загубени работни места. Од времето кога Обама ја презеде функцијата, економијата всушност додала 10,5 милиони работни места.

XS
SM
MD
LG