Сојузниците на НАТО се подготвуваат за потенцијално турбулентен период по победата на Доналд Трамп. За време на неговиот прв мандат, Трамп ја доведе во прашање релевантноста на НАТО и постојано ги критикуваше сојузниците дека не трошеле доволно за одбраната. Анализа на Хенри Риџвел.
Еврејските доселеници на Западен Брег го поздравуваат изборот на Доналд Трамп и неговиот избор Мајк Хакаби за амбасадор на САД во Израел. Тие велат дека се надеваат на анексија на Западен Брег, па дури и изградба на населби во Газа. За Гласот на Америка, Линда Градстајн.
Додека Доналд Трамп се подготвува да се врати во Белата куќа во јануари, некои државни гувернери од опозициската Демократска партија се подготвуваат да ги бранат прогресивните политики на нивните сојузни држави. Мет Дибл известува од Калифорнија, каде што гувернерот повика на итна седница.
Вчитај повеќе