Линкови за пристапност

Мицкоски за ЕУ: „ако не не сакаат поради средновековни прашања, тоа е нивно право“


„Ние сакаме да бидеме, спремни сме да разговараме со секого, ако тие не се спремни ќе чекаме кога тие ќе бидат спремни“, вели Мицкоски.
„Ние сакаме да бидеме, спремни сме да разговараме со секого, ако тие не се спремни ќе чекаме кога тие ќе бидат спремни“, вели Мицкоски.

„Имаме црвена линија, толку можевме да направиме, повеќе не можеме“ – тоа беше одговорот на премиерот Мицкоски на прашањето што Владата мисли да преземе по изјавите од новата евркомесарка за проширување, Марта Кос, дека Брисел очекува Северна Македонија да ги заврши преземените обврски во делот на уставните измени.

Мицкоски за ЕУ и деблокадата на процесот
please wait

No media source currently available

0:00 0:01:37 0:00

„Имаме целосно усогласена политика со ЕУ, не сме опасност, тие нека водат, ние ќе ги следиме, ако мислат дека не заслужуваме по принципот на дела, а не по принципот на билатерализација и прашања од средниот век, да бидеме дел од европското семејство, тогаш тоа е нивно право“, вели Христјан Мицкоски.

„Лага е дека сме барале промена на Преговарчката рамка, иако таа е катастрофа, најлоша, никој нема таква. Не знам кој е тој што ќе даде гаранции дека ќе нема блокади со билатерални преговори во преговарачка рамка, не знам кој е тој. Единствената гаранција која ние ја дадовме е претставена кај нашите стратешки партнери и тоа е максимум што може да направиме во овој момент зашто и како народ и како држава направивме нешто што никој не направил, нема што повеќе од ова да правиме, ние како влада не можеме ништо повеќе од ова да правиме. Тоа е нашата црвена линија. Ако некој во Брисел решил да биде заложник на некои политичари од средниот век, кои доаѓаат од членки на ЕУ, во ред, тоа е тоа, го разбираме, нека не остават барем да си ја решиме домашната задача... Имаме целосно усогласена политика со ЕУ, не сме опасност, тие нека водат, ние ќе ги следиме, ако мислат дека не заслужуваме по принципот на дела, а не по принципот на билатерализација и прашања од средниот век, да бидеме дел од европското семејство, тогаш тоа е нивно право. Ние сакаме да бидеме, спремни сме да разговараме со секого, ако тие не се спремни ќе чекаме кога тие ќе бидат спремни.“, изјави македонскиот премиер.

XS
SM
MD
LG