Линкови за пристапност

Сојузниците од НАТО во исчекување на политиката на новата американска администрација


Ќе има ли предизвици за НАТО со новата американска администрација?
Ќе има ли предизвици за НАТО со новата американска администрација?

Сојузниците на НАТО се подготвуваат за потенцијално турбулентен период по победата на Доналд Трамп. За време на неговиот прв мандат, Трамп ја доведе во прашање релевантноста на НАТО и постојано ги критикуваше сојузниците дека не трошеле доволно за одбраната. Анализа на Хенри Риџвел.

Американските власти присуствуваа на отворањето на американска база за одбрана од балистички проектили во Полска, што беше планирана уште од 2008 година. Варшава ја пофали посветеноста што ја покажаа последователните претседатели на САД.

„САД се навистина, во многу опиплива смисла, гарант за безбедноста на Република Полска, како и на целата северноатлантска алијанса“, истакна полскиот претседател Анджеј Дуда.

Топли зборови за Вашингтон - но под површината има нервоза околу посветеноста на идниот претседател на САД, Доналд Трамп за безбедноста на Европа.

НАТО пред нови предизвици?
please wait

No media source currently available

0:00 0:03:27 0:00

Во 2017 година, Трамп го означи НАТО како „застарен“ и постојано ги критикуваше сојузниците на НАТО.

„23 од 28-те земји-членки сè уште не го плаќаат она што треба да го платат, не само за другите туку и за својата одбрана. Ова не е фер кон луѓето и даночните обврзници на САД“, истакна Трамп за време на првиот мандат.

На НАТО самитот во 2018 година, сојузниците рекоа дека Трамп се заканил дека ќе ги повлече САД од алијансата доколку европските нации не успеат да ги зголемат воените трошоци. Трамп тврдеше дека имало успех.

„Сите се согласија значително да ја зголемат својата посветеност. Тие тоа ќе го направат на нивоа за кои никогаш порано не размислувале“, истакна тогаш Трамп.

Трамп предизвика дополнителни шокови на НАТО во февруари оваа година за време на кампањата.

Не сум толку сигурен дека можеме да зборуваме за егзистенцијална закана за НАТО, како во 2018 година
Фабрис Потиер, извршен директор на Расмусен Глобал

„Еден од претседателите на една голема земја стана и рече: „Па, господине, ако не платиме, и бидеме нападнати од Русија, дали ќе не заштитите?“ Реков: „Не сте платиле? Тој рече: „Да. Да речеме дека тоа се случило.“ Не, не би ве заштитиле. Всушност, би ги охрабрил да прават што по ѓаволите сакаат. Мора да платите, мора да ги платите вашите сметки“, додаде Трамп.

Сојузниците на НАТО може да очекуваат повторно притисок околу трошоците кога Трамп ќе ја преземе функцијата, вели Фабрис Потиер, поранешен шеф на НАТО за планирање политика.

„Не сум толку сигурен дека можеме да зборуваме за егзистенцијална закана за НАТО, како во 2018 година. Но, можете да сметате на него, дека ќе води многу тешка зделка. Дополнителен акцент на тоа не само да се постигне повеќе или помалку од целта од 2 отсто, туку евентуално да се постави основа за 2,5 или 3 отсто на следниот НАТО самит во јуни во Хаг“, смета Фабрис Потиер, извршен директор на Расмусен Глобал.

Ваквиот пристап веројатно би бил поздравен од многу европски држави, по руската инвазија на Украина.

„Сојузниците од источниот фронт како Полска, на пример, но и Балтикот, па дури и нордиските земји, сега всушност го гледаат тоа како добра работа. Но, мислам дека сè уште постои одредена загриженост низ Алијансата дека Трамп може да го поткопа кредибилитетот на колективната одбрана“, додава Потиер.

Доналд Трамп го назначи лојалистот Метју Витакер за свој кандидат за амбасадор на САД во НАТО.

Во писмената изјава, Трамп рече дека Витaкер „ќе ги зајакне односите со нашите сојузници во НАТО“ – и дека „ќе ја стави Америка на прво место“. Неговото назначување сè уште треба да биде одобрено од Сенатот на САД.

XS
SM
MD
LG