Линкови за пристапност

МКС издаде налози за апсење на Нетанјаху, Галант и еден од лидерите на Хамас


При одлучувањето за издавање на налозите, судиите на МКС рекоа дека има разумни основи да се верува дека Нетанјаху и Галант се кривично одговорни за гладувањето во Газа и прогонот на Палестинците.
При одлучувањето за издавање на налозите, судиите на МКС рекоа дека има разумни основи да се верува дека Нетанјаху и Галант се кривично одговорни за гладувањето во Газа и прогонот на Палестинците.

Меѓународниот кривичен суд (МКС) издаде налози за апсење на израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху и Јоав Галант, поранешен министер за одбрана, како и лидерот на Хамас Ибрахим Ал-Масри, попознат како Мохамед Деиф, за наводни воени злосторства и злосторства против човештвото.

При одлучувањето за издавање на налозите, судиите на МКС рекоа дека има разумни основи да се верува дека Нетанјаху и Галант се кривично одговорни за гладувањето во Газа и прогонот на Палестинците.

Налогот за Ал-Масри ги наведува наводите за масовни убиства за време на нападот врз Израел на 7 октомври 2023 година што ја предизвика војната во Газа, вклучително и силување и земање заложници.

Обвинителството посочи дека ќе продолжи да собира информации поврзани со неговата смрт.

Обвинителот на Меѓународниот кривичен суд Карим Кан на 20 мај објави дека бара налози за апсење за наводни злосторства за време на нападите на Израел предводени од Хамас и одговорот на израелската војска во Газа.

Покрај Деиф, тогаш Кан побарал налог за апсење на уште двајца водачи на Хамас, Јахја Синвар и Исмалија Ханије, но тие оттогаш се убиени.

Лидерите на Израел и Хамас ги отфрлија обвинувањата дека извршиле воени злосторства уште во пролетта.

XS
SM
MD
LG