Распити, анализа на компјутерски податоци, проверка на истории на пациенти – Обвинителството со детали од предистрагата на Онкологија

Детално се проверуваат истории на четириесетина пациенти, но и на групи кои примале биолошка терапија. Пациенти и вработени во клиниката даваа искази во обивнителството. Ангажирани се експерти а вклучени се МВР, здравство и Финансиско разузнавање. Се трага и по докази во Косово и Албанија.

Детално се проверуваат истории на четириесетина пациенти, но и на групи кои примале биолошка терапија. Пациенти и вработени во клиниката даваа искази во обивнителството. Ангажирани се експерти а вклучени се и МВР, здравство и Управата за финансиско разузнавање. Се трага и по докази во Косово и Албанија. Се чека на министерот Мeџити да ли ќе го извади од подрум КАТО системот за прозиводство на терапијата


СКОПЈЕ – Во моментов во Обвинителството се врши директна и детална проверка на истории на четириесетина пациенти од Клиниката за Онкологија но и на групи пациенти од Клиниката кои ја примале биолошката терапија. Од Обвинителството соопштија кои насоки се превземени и се превземаат во досегашниот тек од предистрагата за скандалот на Клиниката, па така тече и распит на дваесетина пациенти кои самите телефонски се пријавиле во Обвинителството и на повеќемина вработени на Онкологија.

Наредено е да се изврши и детална проверка на финансиското работење на Клиниката а за да се подобро ефикасноста побарана и добиена е асистенција од уште пет други државни институции и минстерства кои ја чешлаат документацијата. Од Обвинителството веќе естапено во контакт и со надлежните во Косово и Албанија поради тврдењата дека украдената скапа цитостатска терапија се продавала на црниот пазар токму во овие две држави.

„Се извлекуваат податоците со истории за третманот на групи пациенти кои примале биолошка терапија на Клиниката, како и медицински истории на уште околу 40-тина пациенти за кои се врши директна проверка на податоците за лекувањето. Извршен е распит на повеќемина вработени на Клиниката за онкологија, како и на двајца експерти. Дополнително, во тек се распити и на 20-тина пациенти кои до овој момент доброволно се јавија на телефонската линија“,соопштија од Обвинителството.

МВР по добиена наредба од Обвинителството почна со анализа на компјутериските податоци кои беа собрани во претресите на Клиниката и во домови на двајца вработени а покрај тоа во еден сектор од полицијата е отворена и финансиска истрага. Дополнително во предистрагата е вклучена и Управата за финансиско разузнавање. За да имаат прецизни информации на министерството за здравство и Фондот им е наложено да изготват и да достават извештаи за работата на Онкологија, без да се прецизира за кој период.

На помош во Обвинителството се повикани и вклучени ревизорите кои го изготвија извештајот за работењето на Клиниката во 2021 година и открија низа пропусти и недоследности во набавката на цитостатската терапија и терапирањето напациентите.

„Користејќи ги каналите за меѓународна соработка и размена на информации, ќе се побараат податоци од надлежните органи во Косово и Албанија за пациенти од тие земји кои се лекувале со одредени терапии во РС Македонија, како и за евентуални сознанија за илегална препродажба на лекови за третман на онколошки пациенти во тие земји“, стои во соопштението на Обвинителство.

Барањето на групата онколошки пациенти кои секоја вечер во 19 часот се собираат пред зградата на обвинителството барајќи одговори одговорност е прифатена па така денеска тројца пациенти и роднина на пациент кој во моментов се лкува на Клиниката за Онкологија ќе потпишат изјави за тајност и ќе бидат вклучени со директен увид во текот на постапката.

Министерот за здравство Фатмир Меџити вели дека сеуште траат анализите дали да се врати во употреба КАТО системот и разговарал со претставниците на компанијата. Од Клиниката добил информација дека системот бил исклучен по усна наредба на тогашнито директор васев со образложение дека бил прескап, без да се потенцира дали станува збор за одржување или пак за набавка на материјали.

Тој уверува дека малверзации и злоупотреби на Клиниката нема бидејќи сега за терапирање одлучува Конзилиум составен од дванаесет лекари за разлика од минатото кога само медицинскиот директор Васев го имаше тоа ексклузивно право.

„Со КАТО системот ние анализиравме, од претходниот диртектор било кажано дека не бил исплатлив, некои кеси дека чинеле многу. Затоа од блиску сакав да бидам известен и информиран што точно се случува. Знаете дека наследивме еден дефицитарен Буџет и цело време анализираме и размислуваме дали тој систем да го ставиме во фиункција или некој друг систем како тоа да се организира. Јас не ја знам онкологијата и затоа се консултирам и ќе донесеме траен систем кој ќе има контрола и квалитет. Откако јас сум на челото на министерството гарантирам дека нема пропусти и апелирам до граѓаните да не шпекулираат, ова се загрозувачки болести. Дали може да се краде лек? Тоа може да го стори секој вработен ама за тоа ќе одговара“, изјави Меџити

Меџити повтори дека имал неофицијални информации На барање на министерот а поради индиции за злоупотреби, е испратена изнпекција поради но за работењето на Клиниката во 2022 година не откриле ништо сомнително.