Линкови за пристапност

Случај „Онкологија“: протест пред Влада со барање за одговорност, Обвинителството ќе дозволи увид во истрагата на тројца пациенти


Тројцата пациенти од Онкологија, со потпишани изјави за тајноста на постапката и личните податоци, ќе имаат увид во сите докази и преземени дејствија од страна на обвинителството. Лекари се вклучени во истрагата и ја анализираат запленетата документација

СКОПЈЕ – Телефоните во Обвинителството почнаа да ѕвонат. Пациенти од Клиниката за Онкологија ги споделуваат инфромациите со коиу располагаат и сомнежите заможен криминал со тимот обвинители кои ја овдат истрагата за случајот. Обвинителството пак ќе направи отстапка и, како што бараа пациентите онколошките пациенти кои секоја вечер протестираат пред зградата на Обвинителството, ќе вклучи три надворешни лицас – пациенти кои ќе имаат достапност до сите информации и во текот на постапката, но претходно ќе потпишат изјави дека нема да оддаваат тајни.

„Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање“, стои во соопштението на Обвинителството.

Пред Владата протест. Втор по ред оргранизиран од неформалното здружение на социјалната мрежа „Фејсбук“ – „ Протест против убиството на онкологија“. Одговорност од инволвираните и надлежните, правда за жртвите, ефективни затворски казни и информации за текот на истрагата од Обвинителството. Ова се клучните барања кои беа испоарачани од протестот.

Стотици граѓани, но и активисти од една политичка партија, дојдоа да го изразат својот револт од скандалот на Клиниката за Онкологија, и манипулациите со терапијата на тешко болните пациенти и порачаа дека во овој случај вината не смее да биде како во случајот со модуларната болница во Тетово.

Со црвена боја на булеварот пред Владата беше напишан зборот одговорност а на тротоарот беше оставена торба со „крвави пари“.

„Поставауваме улитматиум, ОЈО да излезе со детали за истрагат во рок од една недела, истрага за инволвираноста на поранешнито министер Венко Филипче и директорот Нино Васев, проширување на истрагата за работењето на Клиниката за онкологија. Судски пресуди за сите инволвирани во монструозниот криминал на Клиниката. Се собравме минатата недела како и обваа сега. Ако и понатаму не превземате ништо во однос на нашите барања, ќе почнеме да ги окупираме нефункционалните институции. Ќе ги зачестиме напшите протести и правдата ќе ја земем во сопствени раце “, порача еден од учесниците на протестот.

Пред пристуните се обрати и момче од Скопје чија мајка во 2020 година ја загуби битката со канцерот.

„ Не би одел во детали за тоа што се случуваше таму, бидејќи би сакал говорот да го фокусирам на нешто друго. Иако низ годините како семејство и лично јас имав многу голема можност да ги замразам институциите, нашата земја и едноставно да станам огорчен од нашиот систем, јас одбирам да ја искористам мојата болка во борба и креативност. Наоѓам смисла во активизмот и волонтирањето и тоа е нешто што ме спаси од самодеструкција. Ве охрабрувам сите да ја искористиме нашата болка која ја создадоа монструозните умови во нашата земја Македонија и да ја трансформираме во достоинствена борба за подобро утре, во критика на системот на секој можен начин, во градење здрава заедница, здрави вредности, соживот. На секоја неправда како оваа на Онкологија и на секоја неправда во иднина, мирно и достоинствено да кажеме жестоко не. Во земја која е на фрагилни нозе и на Планета која е во уште пофрагилна состојба, да изградиме вредност на почит на секој еден живот, без оглед на етничка позадина, социјален статус или каква било различност“, изјави Даријан Петров.

Протестот продолжи пред зградата на Обвинителството каде демонстрантите испишаа пораки за правда но и фрлаа јајца кон зградата.

XS
SM
MD
LG