Норвешка најави 242 милиони долари помош за Украина

  • VOA

Цивили облечени во воени униформи учествуваат на воена обука организирана од украински војници во Киев, на 23 ноември 2024 година, среде руската инвазија на Украина. (Фото:АФП)

Норвешка денес објави нова воена помош од 242 милиони долари за Украина, вклучително и помош за обезбедување пристап до виталните црноморски пристаништа на земјата.

„Од суштинско значење е да се заштити украинското население и украинската инфраструктура од нападите на руската Црноморска флота“, рече премиерот Јонас Гар Стере во изјавата.

„Исто така, важно е да се заштити извозот преку море на жито и други производи, кои генерираат клучни приходи за Украина“.

Помошта вклучува финансирање за обука на украински војници, како и операции за чистење мини.

Норвешкиот министер за одбрана рече дека мините се „значајна закана“ во Црното Море и дека помошта ќе им помогне на украинските сили да ги откријат и деактивираат мините во близина на брегот.

Украинската војска денес соопшти дека соборила 27 од 49 беспилотни летала што руските сили ги распоредиле во нападите во текот на ноќта.

Руското Министерство за одбрана денес кажа дека нивните сили уништиле три украински воздушни беспилотни летала над регионот Курск.

Дел од информациите во текстот се од Ројтерс