Линкови за пристапност

Зеленски вели дека e неопходна одлучност за да се стави крај на војната


Оваа фотографија направена и објавена од прес-службата на украинскиот претседател на 7 декември 2024 година, ги прикажува францускиот претседател, новоизбраниот американски претседател и Зеленски пред состанокот во Париз
Оваа фотографија направена и објавена од прес-службата на украинскиот претседател на 7 декември 2024 година, ги прикажува францускиот претседател, новоизбраниот американски претседател и Зеленски пред состанокот во Париз

Украинскиот претседател Володимир Зеленски денес изјави дека „само одлучност“ може да ја прекине руската војна во Украина и да донесе траен мир.

Неколку дена по разговорите со францускиот претседател Емануел Макрон и новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп, Зеленски рече дека соработката за ставање крај на војната е главен приоритет и изрази благодарност до Трамп „за неговата силна решеност да ја доведе оваа војна до фер крај“.

Украинскиот лидер понатаму рече дека му рекол на Трамп оти рускиот претседател Владимир Путин „се плаши само од него, а можеби и од Кина“.

„Знаеме дека Америка има капацитет да постигне извонредни работи - работи што другите не можеа да ги постигнат“, објави Зеленски на Икс.

„За да успееме да ставиме крај на оваа војна, ни треба единство - единство на Америка, Европа и сите во светот кои ја ценат безбедноста - како и силните позиции и гаранции за мир“.

Коментарите на Зеленски доаѓаат во време на прашања за нивото на поддршката на САД за Украина, додека лидерството на САД преминува од администрацијата на претседателот Џо Бајден кон нов мандат на Трамп следниот месец.

САД за време на Бајден ги водеа напорите да организираат милијарди долари воена помош за Украина, вклучително и муниција и противвоздушна одбрана за одбрана од руските напади.

Трамп по состанокот во неделата рече дека треба да има итен прекин на огнот во Украина и почеток на преговорите меѓу Украина и Русија.

Некои информации се од Асошиетед прес, агенцијата Франс-прес и Ројтерс

XS
SM
MD
LG