Линкови за пристапност

Русија може пак да употреби нов проектил против Украина во наредните денови, вели Пентагон


На оваа фотографија од руската државна агенција Спутник, рускиот претседател Владимир Путин се состана со вршителот на должноста гувернер на областа Курск во Москва на 5 декември 2024 година
На оваа фотографија од руската државна агенција Спутник, рускиот претседател Владимир Путин се состана со вршителот на должноста гувернер на областа Курск во Москва на 5 декември 2024 година

Русија наскоро би можела повторно да ја лансира својата нова смртоносна балистичка ракета со среден дострел против Украина, соопшти Пентагон вчера, додека двете страни се борат за предност на бојното поле што ќе им даде потпора во какви било преговори за ставање крај на речиси 3-годишната војна.

Сабрина Синг, портпаролка на Пентагон, на брифингот им изјави на новинарите дека нападот би можел да биде извршен „во наредните денови“.

Таа додаде дека САД не ја сметаат оваа ракета - наречена Орешник - за менување на играта на бојното поле, но дека Русите „се обидуваат да го искористат секое оружје што го имаат во нивниот арсенал за да ја заплашат Украина“.

Таа рече дека САД го засноваат своето предупредување на нова разузнавачка проценка, но таа не може да даде други детали, вклучително и каде Русија може да нападне.

Американските власти претходно вчера изјавија дека САД гледаат како Русите се подготвуваат за уште едно лансирање на ракетата, која за првпат беше употребена минатиот месец.

Официјалните лица зборуваа под услов да останат анонимни за да разговараат за чувствителните информации.

Заканата доаѓа откако новоизбраниот претседател Доналд Трамп вети дека ќе стави крај на војната, а западните сојузници сугерираат дека преговорите за тоа би можеле да започнат оваа зима.

Синг рече дека САД ќе продолжат да ја поддржуваат Украина, вклучително и со дополнителни системи за противвоздушна одбрана дизајнирани да ја заштитат земјата од воздушни напади.

Пред само неколку дена, САД ветија близу една милијарда долари нова безбедносна помош за Украина, вклучително и муниција за воздушна одбрана.

Руското министерство за одбрана, исто така, сугерираше дека Москва е подготвена да возврати бидејќи Украина употребила шест проектили ATACMS од американско производство за да нападне воена воздушна база во јужниот дел на Ростов во средата, при што биле повредени војници.

Се наведува дека два од проектилите биле соборени од систем за противвоздушна одбрана, а четири други отфрлени од средства за електронско војување.

„Овој напад со западно оружје со долг дострел нема да остане без одговор и ќе бидат преземени соодветни мерки“, се вели во соопштението на Министерството.

XS
SM
MD
LG