Украинските власти денес соопштија дека руските сили нападнале неколку региони со проектили и беспилотни летала, вклучувајќи го и главниот град на Украина, Киев.
Шефот на воената администрација на Киев Серхиј Попко, на Телеграм рече дека Русија лансирала беспилотно летало заедно со повеќе од 10 крстаречки ракети и околу 10 балистички ракети кон градот.
Градоначалникот на Киев Виталиј Кличко изјави дека паѓањето на остатоци од пресретнувањата на украинската воздушна одбрана повредиле најмалку две лица.
Украинската војска соопшти дека соборила 22 од 35 проектили и 20 од 23 беспилотни летала што Русија ги користела за цел на повеќе региони.
Гувернерите на регионите Днепар, Херсон, Миколаев и Полтава во понеделникот изјавија дека противвоздушната одбрана соборила руски беспилотни летала над нивните региони, додека гувернерот на Черкаси рече дека проектилот бил уништен на небото на регионот.
Руските напади се случија еден ден откако Украина изврши масовен воздушен напад врз Русија, при што руското Министерство за одбрана објави дека биле соборени 158 беспилотни летала.
Министерството денес соопшти дека соборило две украински беспилотни летала, вклучувајќи едно над регионот Белгород и друго над Црното Море.
Гувернерот на Белгород Вјачеслав Гладков, на Телеграм изјави дека украинските сили погодиле повеќе области, оштетувајќи комерцијален објект, како и голем број домови.
Најмалку едно лице е повредено, рече тој.
Некои информации се од Ројтерс, Асошиетед прес и агенцијата Франс-прес