Линкови за пристапност

Руски уредник осуден на 8 години за критикување на офанзивата во Украина


На оваа фотографија направена од видеото објавено од руското Министерство за одбрана на 27 август 2024 година, руски војници пукаат кон украинските позиции на неоткриена локација во Украина
На оваа фотографија направена од видеото објавено од руското Министерство за одбрана на 27 август 2024 година, руски војници пукаат кон украинските позиции на неоткриена локација во Украина

Руски уредник на вести во Сибир денес беше осуден на осум години затвор поради објавување критички материјал за офанзивата на Москва во Украина, која во Русија беше придружена со масовно задушување на неистомислениците.

Сергеј Михајлов, новинар и уредник во планинскиот регион Алтај, беше уапсен во првите недели од започнувањето на воената кампања на Кремљ во 2022 година, набргу откако беа усвоени репресивните закони со кои се забранува критикување на руските дејства во Украина.

Тој објави онлајн за смртни случаи на цивили во киевското предградие Буча и во Мариупол.

Судот го осуди 48-годишниот откако го прогласи за виновен за „свесно ширење лажни информации“ за руската армија.

Обвинителите изјавија дека тој бил „мотивиран од политичка омраза“.

Во говорот пред судот претходно оваа недела, тој остана на своето известување и остро го критикуваше Кремљ за испраќање војници во Украина.

Тој рече дека рускиот државен наратив за нарекување на украинското раководство „фашистичко“ „создал цел виртуелен универзум во информацискиот простор и оваа магла станува се` посилен и посилен“.

Повеќе од 1.000 луѓе се кривично гонети во Русија за критикување на руската офанзива против Украина од почетокот на вооружениот конфликт во февруари 2022 година, според мониторинг OVD-Info.

XS
SM
MD
LG