Ченките на НАТО денес ги потпишаа пристапните протоколи за приклучување на Финска и Шведска на воената алијанса.
Двете земји ги поднесоа своите апликации во мај како реакција на руската инвазија на Украина.
„Ова е добар ден за Финска и Шведска и добар ден за НАТО. Со 32 нации околу масата, ќе бидеме уште посилни, а нашиот народ ќе биде уште побезбеден бидејќи се соочуваме со најголемата безбедносна криза во последните децении“, рече генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг.
Тој додаде дека „вратата на НАТО останува отворена за европските демократии кои се подготвени да придонесат за нашата заедничка безбедност“.
Со потпишувањето на пристапните протоколи, сега, секоја од 30-те членки на НАТО, треба да ги ратификува според нивните индивидуални национални процедури.
И Финска и Шведска имаат историја на соработка со НАТО како земји партнери, вклучително и присуство на состаноци на НАТО и учество во воени вежби.
„Како идна членка на алијансата, Шведска ќе придонесе за безбедноста на сите сојузници“, рече шведската министерка за надворешни работи Ен Линде на почетокот на денешниот состанок.
Финскиот министер за надворешни работи рече дека неговата земја со нетрпение очекува да работи со сојузниците во НАТО за да го заштити „безбедниот и просперитетен евроатлантски регион“.
Дел од информациите во текстот се преземени од Асошиетед прес и Ројтерс