Линкови за пристапност

Ердоган ќе се сретне со лидерите на Финска и Шведска пред самитот на НАТО во Мадрид


Средбата ќе биде утре, а портапаролот на турскиот претседател рече дека тоа „не значи оти ќе направиме чекор назад од нашата позиција“
Средбата ќе биде утре, а портапаролот на турскиот претседател рече дека тоа „не значи оти ќе направиме чекор назад од нашата позиција“

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган утре ќе присуствува на рунда разговори со лидерите на Шведска и Финска, како и со НАТО, пред самитот во Мадрид, изјави вчера портпаролот на турскиот претседател Ибрахим Калин.

Финска и Шведска поднесоа барање за членство во НАТО како одговор на руската инвазија на Украина. Но, Турција се противи на нивните апликации поради, како што вели, поддршката на Хелсинки и Стокхолм за курдските милитанти и ембаргото за оружје за Анкара.

Во изјава за медиуми, Калин рече дека тој и заменик-министерот за надворешни работи Седат Онал, исто така, ќе присуствуваат на рунда разговори со шведските и финските делегации денес во Брисел.

„Ќе има четиринасочен самит во Мадрид на лидерско ниво во Мадрид по барање на генералниот секретар на НАТО со присуство на нашиот претседател“, рече тој.

Калин рече дека присуството на Ердоган на разговорите со Шведска, Финска и НАТО утре „не значи дека ќе направиме чекор назад од нашата позиција“.

„Ние ги доведовме преговорите до одредена точка. Не е можно овде да се вратиме чекор назад“, рече тој.

Калин рече дека Турција и нордиските земји во голема мера се согласиле за прашањата и дека ќе бидат во подобра позиција во Мадрид ако можат да се договорат за нив за време на денешните разговори.

XS
SM
MD
LG