Проверка на фактите од АП за обраќањето на претседателот Бајден во Конгресот

Асошиејтед прес направи проверка на фактите по првиот говор на претседателот Џо Бајден за состојбата во нацијата додека се справува со руската инвазија на Украина, застојот на домашната агенда и долготрајната пандемија...

За пандемијата

Бајден: Тешки случаи на хоспитализација од Ковид се опаднати на ниво што не е забележано од јули минатата година.

Факти: Бајден го прецени подобрувањето на состојбата, занемарувајќи ја статистиката што останува загрижувачки фактор за билансот од Ковид. Иако хоспитализирањето навистина се намали од минатото лето, бројките на смртни случаи остануваат високи. Истражувањето на Центрите за контрола и превенција на болести покажа 289 смртни случаи на 1 јули 2021 година. Изминатиов понеделник, ЦДЦ објави 1.985 смртни случаи.

За фабриките во Охајо

Бајден: за плановите на гигантот Интел за нови фабрики во Охајо: „До осум најсовремени фабрики на едно место. 10.000 нови работни места“.

Факти: Неговата изјава е избрзана. Многу фабрики не се неизбежни и може никогаш да не се изградат. Претходно оваа година, Интел објави дека ќе отвори две фабрики за кои се очекува да вработат 3.000 луѓе. Останатите 7.000 позиции што треба да ги создаде проектот се привремени градежни работни места. Исто така, планира бизнис за леење чипови што произведува чипови дизајнирани од други фирми. Изградбата се очекува да започне оваа година. Интел ја зголеми можноста за изградба на уште шест фабрики во следната деценија, што би можело да го зголеми вкупниот број на работници на 10.000. Но, тоа е само перспектива, со план во следните години.

За инфлацијата

Бајден: „Пандемијата го наруши и глобалниот синџир на снабдување. ... Погледнете ја состојбата со автомобилите минатата година. Една третина од целата инфлација беше поради продажбата на автомобили. Немаше доволно полуспроводници за да се произведат сите автомобили што луѓето сакаа да ги купат. И, што се случи? Цените на автомобилите се зголемија значително. … И, така, имаме избор. Еден начин да се бориме против инфлацијата е да ги намалиме платите и да ги направиме Американците посиромашни. Мислам дека имам подобра идеја да се борам против инфлацијата. Намалете ги трошоците, а не платите. Тоа значи произведете повеќе автомобили и полуспроводници во Америка. Повеќе инфраструктура и иновации во Америка. Повеќе стоки се движат побрзо и поевтино во Америка. ... Наместо да се потпираме на странски синџири на снабдување, ајде да го направиме тоа во Америка“.

Факти: Неубедително е да се сугерира дека повеќе домашно производство значи помала инфлација. Произведените производи во странство, особено во земји како Кина или Мексико каде платите се пониски, генерално се поевтини од стоките произведени во САД. Бајден, исто така, става премногу тежина на прекините на синџирот на снабдување од странство како фактор за најлошата инфлација во последните четири децении. Иако тие проблеми навистина беа главен фактор за зголемување на трошоците, инфлацијата се повеќе се појавува во други области, како што се кириите и оброците во ресторани, кои го одразуваат брзиот раст на економијата и платите во изминатата година, а не глобалното тесно грло за снабдување. Тие трендови веројатно ќе продолжат да ги зголемуваат цените дури и кога синџирите на снабдување закрепнуваат.

Насилство со огнено оружје

Бајден: ...барајќи од Конгресот да усвои мерки за кои рече дека ќе го намалат насилството со оружје: „Укинете го штитот за одговорност што ги прави производителите на оружје единствената индустрија во Америка што не може да биде тужена“.

Факти: Тоа не е точно. Иако производителите на оружје имаат правна заштита да не бидат одговорни за повреди предизвикани од криминална злоупотреба на нивното оружје благодарение на Законот за заштита на законската трговија со оружје од 2005 година, тие не се изземени или имуни од тужба. Законот вклучува шест исклучоци каде производителите или дилерите може да бидат одговорни за штетите што ги предизвикува нивното оружје, вклучувајќи дефекти или оштетувања во дизајнот на пиштолот, небрежност или прекршување на договорот или гаранцијата во врска со купувањето пиштол. Семејствата на жртвите од пукањето во основното училиште Сенди Хук во Њутаун, Конектикат, го тужеа производителот на оружје „Ремингтон“, за „погрешен маркетинг“ на огненото оружје, а минатиот месец се согласија на обештетување и спогодба од 73 милиони долари.

Проекти за инфраструктурата

Бајден: ...за легислативата за инфраструктурата: „Најголемата инвестиција во историјата беше двопартиски напор“.

Факти: Не, тоа не беше толку историско. Законот за инфраструктура на Бајден беше гломазен, додавајќи 550 милијарди долари трошоци за патишта, мостови и брз интернет во следните пет години. Но, како пропорција на американската економија, таа е малку под 1,36% од бруто домашниот производ на нацијата што беше потрошен на инфраструктура, во просек, во текот на првите четири години, според анализата на Институтот Брукингс. Тоа е далеку од приближно 2% потрошени за инфраструктура во доцните 1970-ти и раните 1980-ти.

Одговорот од републиканците, гувернерката од Ајова, Ким Рејнолдс - критикувајќи го начинот на кој администрацијата на Бајден се справува со имиграцијата и ја нагласи реакцијата од републиканските гувернери на ова прашање: „Ние, всушност отидовме на граница - нешто што нашиот претседател и потпретседателка, допрва треба да го направат откако ја презедоа функцијата“.

Факти: Не е точно. Потпретседателката Камала Харис ја посети јужната граница минатата година. Бајден сè уште не бил. Харис направи обиколка на Центарот за царината и граничната заштита во Ел Пасо, Тексас, и таму се сретна со деца - мигранти. Таа, исто така, застана во прифатен центар на границата и одржа дискусија со организациите на локалната заедница. Нејзиното патување во јуни уследи по неколкумесечни критики од републиканците и некои членови од нејзината партија поради нејзино игнорирање, но и на Бајден, за случувањата на границата, во време кога припадници на имиграционите служби забележаа рекорден број мигранти, кои се обиделе да преминат во САД.

Проверката на фактите ја направи Асошиејтед Прес.