Линкови за пристапност

Бајден и Зеленски разговараа како Русија да се повика на одговорност, објави Белата куќа


За време на денешниот телефонски разговор, дваjцата лидери разговараа за ескалацијата на нападите на Русија врз локации што ги користат цивили во Украина, се вели во изјавата од Белата куќа
За време на денешниот телефонски разговор, дваjцата лидери разговараа за ескалацијата на нападите на Русија врз локации што ги користат цивили во Украина, се вели во изјавата од Белата куќа

Претседателот Џо Бајден ја нагласи постојаната помош на САД за Украина во телефонскиот разговор со украинскиот претседател Володимир Зеленски, вклучително и тековните испораки на безбедносна помош, економска поддршка и хуманитарна помош, објави Белата куќа.

„Лидерите разговараа за тоа како САД, заедно со сојузниците и партнерите, работат на тоа Русија да биде повикана на одговорност, вклучително преку воведување санкции кои веќе имаат влијание врз руската економија. Лидерите разговараа за ескалацијата на нападите на Русија врз локациите што ги користат цивилите во Украина, вклучително и денешното бомбардирање во близина на споменикот на холокаустот во Бабин Јар“, се вели во изјавата.

Зеленски на Твитер напиша дека разговарал со Бајден за „американското лидерство во санкциите против Русија и одбранбената помош за Украина. Мора да го спречиме агресорот што е можно побрзо. Благодарам за поддршката“.

Бајден вечер ќе има прво годишно обраќање пред нацијата, при кое се очекува да зборува за ескалација на конфликтот во Украина, пандемијата и економијата.

Вториот по големина град во Украина, Харков, денес се соочи со зголемено руско гранатирање, додека конвој руски сили се протега покрај патот северно од украинскиот главен град Киев, на шестиот ден од руската инвазија на нејзиниот сосед.

XS
SM
MD
LG