Линкови за пристапност

Украина, економијата, пандемијата ќе доминираат во првото годишно обраќање на претседателот Бајден во Конгресот


Претседателот Бајден ќе се обрати во првото годишно обраќање до нацијата во Конгресот
Претседателот Бајден ќе се обрати во првото годишно обраќање до нацијата во Конгресот

Ескалација на конфликтот во Украина. Пандемија, која никако да замре. И, како и секогаш, економијата, најверојатно, ќе доминира во говорот на претседателот Џо Бајден за состојбата во нацијата, редовното годишно обраќање во Конгресот.

Уставно задолжителното обраќање е реторичка кулминација на годината за американскиот претседател, а Бајден не е исклучок. Но, овогодинешната обраќање, првото за Бајден, иако тој претходно се обрати на заедничката сесија на Конгресот - доаѓа во особено тежок момент. Полицијата на Капитол хил соопшти дека преземала дополнителни мерки на претпазливост за време на одржувањето на обраќањето.

„Како мерка на претпазливост и во соработка со Тајната служба, одобрен е план за поставување ограда со внатрешен периметар околу зградата на Конгресот за време на обраќањето на претседателот“, рече началникот на полицијата на Капитол хил Том Менџер. „Исто така, побарав поддршка од надворешни агенции за спроведување на законот, како и од Националната гарда за да ни помогнат со нашите безбедносни мерки на претпазливост“, додаде Менџер.

Претставници на администрацијата велат дека Бајден ќе се фокусира на четири домашни економски приоритети: зголемување на производството во САД и зајакнување на синџирите на снабдување; намалување на цените на стоките; промовирање на фер конкуренција со цел да се заштитат малите бизниси; и елиминирање на бариерите за добро платените работни места.

Украинската криза

Белата куќа соопшти дека Бајден ќе се осврне за руската инвазија на Украина, како и за неговиот поширок поглед за состојбата во светот. Портпаролката на Белата куќа Џен Псаки рече дека Бајден ќе покрие многу аспекти од кризата во Украина.

„Претседателот ќе ги изложи напорите што ги преземаме, што ги презеде, водеше, да го обедини светот да застане во одбрана на демократијата и против руската агресија. Тој ќе зборува за чекорите што ги презедовме не само за да го поддржиме украинскиот народ со воена и економска помош, туку и за чекорите што ги презеде за изградба на глобална коалиција која наметнува опустошувачки финансиски санкции врз претседателот Путин, неговиот близок круг и руската економија. И тој ќе зборува за чекорите што ги презема за да го ублажи влијанието на инвазијата на претседателот Путин на Украина врз глобалната економија и американскиот народ“, рече Псаки.

Во изминатата седмица, Бајден одржа три говори за ескалацијата на кризата во Украина. Но, во длабоко политички поделената нација, аналитичарите велат дека Бајден треба да очекува студен прием кога ќе зборува за она што тој го опишува како најголема закана за глобалната безбедност од Втората светска војна.

„Нацијата, генерално застанува зад претседателот кога се соочуваме со меѓународна криза“, рече Норман Орнштајн од Ентерпрајс Институт. Но, тој додаде дека „ако го гледате Такер Карлсон или го слушате Доналд Трамп или знаете што зборуваат многу републиканци во Конгресот, нема да добиеме обединетост околу претседателот меѓу значителен дел од населението“. Поделбите, сега се тука, дури и за работи кои влијаат врз американската национална безбедност“, предупредува тој.

Во понеделникот, лидерот на малцинството во Претставничкиот дом на републиканците, Кевин Мекарти, објави дека одржува виртуелна алтернативна верзија на настанот во вторник попладне, во кој членовите на неговата партија планираат „да се осврнат на политиките што претседателот Бајден и неговата администрација продолжија да ги игнорираат: зголемениот криминал по улиците, хаос на јужната граница, највисока стапка на инфлација што ја доживеаја САД во последните 40 години и милиони семејства кои страдаат поради нарушено образование“.

Секогаш за економијата

Претседателите исто така го користат овој говор за да ја образложат во Конгресот нивната домашна агенда и нацрт-законите што сакаат да бидат усвоени. И тоа е една тема, која се очекува секој претседател да ја покрие во обраќањето за состојбата во нацијата, рече Џереми Сури, историчар од Универзитетот во Тексас во Остин.

XS
SM
MD
LG